ТОА ГО МОЖАТ САМО БАЛКАНЦИ: Немаат ниту ден работен стаж, ама ја имаат најдобрата работа и национална пензија!
Објавено во: Балкан 03 Јануари, 2017
Пратениците на црногорското Собрание примаат плати кои изнесуваат од 1 500 до 2 000 евра, а исти примања имаат и 40 поранешни пратеници. Според податоците на подгорскиот весник, најголеми плати (надомест) од 2 029 евра, примаат двајца поранешни пратеници на Демократската партија на социјалистите и Социјалистичките народни партии, пишува Побједа. Повеќето поранешни пратеници примаат нешто помалку од 2 000 евра, а меѓу нив ги има оние кои со години имале пратенички мандати. Во Црна Гора, со висока стапка на невработеност, нередовни плати, и мали примања во низа области, во согласност со законот, пратенички надомест примаат 40 поранешни пратеници на Собранието на Црна Гора, половина од вкупниот пратенички состав, а тоа право трае година дена од престанокот на пратеничките функции. Многу пратеници кои на таа функција биле повеќе мандати, имаат право на таканаречена национална функција, поради што пратеничката функција се смета за најпрофитабилна во Црна Гора. Има и во сегашниот состав пратеници кои, со исклучок на тие функции, никогаш не работеле било каква друга работа. Пратениците на Собранието на Црна Гора пред новогодишните празници го усвоиле државниот буџет со низа рестрикции во доменот на лични примања, но пратеничките плати не се менувани.