19 Април, 2024
0.0366

ТОА НЕ Е ЛЕ ПЕН: Еве кој е најголемиот непријател на Макрон

Објавено во: Свет 27 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Емануел Макрон, центристичкиот кандидат, има предност во однос на ултрадесничарката Марин Ле Пен, пред вториот круг од изборите во Франција.

Ова го покажуваат најновите анкети. 

Меѓутоа, тој на патот кон победата има многу пречки. Неговите приврзаници и помошници сметаат дека тој мора да се отрезни, затоа што инаку самиот на себе си е најголем непријател, пишува Politico

Иако победил во првиот круг пред Ле Пен, тој веќе на изборната вечер направил голема грешка. 

Макрон организирал голема прослава во ресторан и ја пеел химната од кровот на својот штаб, како веќе да станал претседател. 

Многумина коментираат дека славењето наликувало на прославата на победата на Никола Саркози. 

„Целата вечер изгледаше како да победил, што претставува лоша порака. Првата причина е тоа што не победивме, а втората е тоа што не треба да се радуваш на вечер во која Ле Пен влегува во втор круг" - вели еден од неговите советници. 

За да победи Макрон, ќе мора да убеди дел од гласачите кои во првиот круг гласале за левичарот Жан Лик Меленшон, конзервативецот Франсоа Фијон или социјалистот Беноа Амон. 

Анкетите покажуваат дека тој би можел да оствари убедлива победа, но тоа ѕасега не значи ништо. 

Уште една можна препрека на неговиот пат се руските хакерски напади. Компанијата за сајбер-безбедност „Тренд Микро", потврдила дека мејловите на кампањата на Маркон биле мета на бројни напади од руски хакерски групи. 

Доколку хакерите откријат некои скандали поврзани со Макрон, тоа ќе биде голем проблем. 

Можеби ќе ве интересира

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО ИРАН: Дали Иран ќе му одговори на Израел? „Нашиот следен одговор ќе биде брз“

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО ИРАН: Дали Иран ќе му одговори на Израел? „Нашиот следен одговор ќе биде брз“