29 Март, 2024
0.0275

Тобако и Водовод се уште им ги матат сметките за вода на граѓаните!

Објавено во: Мои пари 02 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Иако призна дека проблем со Тобако постои и дека истиот ќе биде набрзо решен, Јавното претпријатие Водовод и Канализација се уште не им ги признава на граѓаните сметките за вода уплатени преку наплатните пунктови на Тобако. Според тврдењата на граѓаните кои со валиден документ отишле во Водовод за да докажат дека ги имаат платено сите сметки на вода, од Водовод им објасниле дека се уште немаат евиденција дека сметките се платени и дека проблемот со Тобако  сигурно ќе се развлече уште два месеци. Најверојатно Тобако се уште, кон јавното претпријатие, не ги исплатил парите на граѓаните што ги должи за наплатените сметки. Менаџментот на Водовод минатата недела соопшти дека го раскинал договорот со Тобако, но тврдеше дека сите сметки за вода уплатени во Тобако ќе им бидат прифатени и признаени за платени. Сега, оттаму апелираат до граѓаните да бидат трпеливи уверувајќи дека нема да се случи два пати да плаќаат иста сметка. Почнувајќи од вчера, плаќањето на сметки за вода не се врши во малопродажните мрежи на Тобако. Причините, како што посочија од Водовод се токму несоодветното евидентирање на уплатите за сметки во  мрежите на Тобако. За овој проблем ФАКТОР веќе пишуваше. Незадоволни граѓани се пожалија до нашата редакција дека платиле сметка за вода во „Тобако“, но „Водовод“ не им ја признава.  На некои им стигнале и решенија за присилна наплата, или опомени пред тужби и покрај тоа што сите сметки за вода им биле уредно подмирени преку наплатните пунктови на „Тобако“ во главниот град, при што на решенијата имале и печат и фискална сметка дека е платено. “Имам примерок од платена сметка за минатиот месец на која има и датум и писмена потврда дека сметката е подмирена, но кога отидов во Водовод ми рекоа дека кај нив нема евиденција дека сум платил. И сега ќе ја исправи ли некој грешката или треба два пати да плаќам една иста сметка“, изјави пред една недела граѓанин од Скопје. Од Тобако за ФАКТОР изјавија дека проблемот е во несоодветното книжење, но дека, во договор со Водовод ќе биде решен. Нејасно е дали е можно истиот проблем да се случи и со сметките за струја и за парно уплатени во објектите на овој малопродажен ланец? Уште од лани, преку акционерското друштво „Тобако“ е овозможена услугата "плати сметка". Преку Тобако, сега се уште може да се плаќаат сметки на ЕВН и Топлификација. Ј.С.Н.

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија