28 Март, 2024
0.0233

Токио-најскап град за живеење во светот

Објавено во: Стил 06 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Откако поскапувањето на швајцарскиот франк ја го вивна Цирих на врвот на листата на најскапи градови во светот во 2012 година, на новата листа Economist Intelligence Unit лидер повторно е Токио.Јапонската престолнина традиционално зазема највисокото место на  листа Worldwide Cost of Living, и во последните 20 години 14 пати била на прво место. Од 1992 година до сега само три града успеаа да ја оспорат лидерската позиција на Токио и тоа шест пати во различни години, челната позиција на оваа листа ја заземале се  Цирих, Париз и Осло. Класификацијата се изработува согласно посебен индекс, зема за основа трошоците за живот во Њујорк. Оваа година Токио е на врвот и покрај јапонската дефлација, слабата јен и растечките цени насекаде во светот. Во исто време, во Швајцарија напорите да се излади поскапувањето на националната валута доведоа до најсериозното паѓање на Цирих и Женева на целата листа која опфаќа 131 градови низ целиот свет. Индексот на Цирих се намали за 39% и градот падна од првото на седмото место, а индексот на Женева се намали за 33% и градот зазема сега десеттото место - седум позиции под минатогодишната. Австралискиот подем Веќе никој не се изненадува од подемот на азиските градови на листата во изминатите години и тоа дека тие ги надминуваат традиционално скапите европски места. Интересно е дека, сепак, многумина мислат претежно за кинеските мегаполис,  додека најголем и најдинамичен раст во последно време доаѓа од Австралија. И тука, како и во Швајцарија, менувањето на вредноста на националната валута игра одлучувачка улога за поскапувањето на животот. Пред една деценија австралиските градови дури не беа меѓу првите 50. Но пред две години тие веќе се наредија во топ 10. Овогодинешнaта листа го става Сиднеј на третото место на листата, Мелбурн е на петата позиција. Во Сиднеј килограм леб чини  5.03 долари, кутија цигари – 15,48 долари, а шише вино 25,38 долари. Притоа друштво им прават градови како Нов Зеланд, како и Сингапур и Хонг Конг, кои се во топ 20 најскапи градови. На челните позиции на оваа листа доминираат азиски градови или вкупно 11, а само 8 се од Европа. Пред 10 години, во првите 20 имаше 6 азиски, 10 европски и 4 американски имиња. Денес ниту еден град од Северна Америка не е паднал во топ 20. Изненадувањето Каракас Најголемо изненадување во годинешното рангирање на најскапи градови во светот го направи главниот град на Венецуела . Националната валута е толку нестабилна дека официјалната инфлација достигна речиси 20%, а цените минатата година пораснаа за над 25. Евтината Јужна Азија И како што азиски градови се на врвот на листата, најниско рангирани се градовите во Јужна Азија, кои заземаат дури шест од првите десет меса на листата најефтини градови за живеење. Нешто повеќе најевтиниградови има и од државите од Индискиот потконтинент: Индија, Пакистан, Бангладеш, Непал и Шри Ланка.Индија може да е прогласуван за економски тигар, но повеќето од растот и доаѓа од огромното население од над една милијарда луѓе и од неискористениот потенцијал на економијата. Всушност тука владее огромна економска нееднаквост и трошоците на домаќинствата се толку мали што цените стојат ниски.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи