Добивај вести на Viber
Само 22 отсто од грчките домаќинства се задоволни со нивната финансиска ситуација, додека просекот во Европската унија е речиси трипати поголем, покажаа резултатите од анкета што ја спроведе „Евробарометар“. Вкупно 77 проценти од Грците ги опишале финансиите на своето домаќинство како „прилично лоши“ или „многу лоши“, додека просекот на 27-те членки на Унијата е 35 проценти, покажува истата анкета. Само шест проценти рекле дека во наредните 12 месеци очекуваат работите да се подобрат.