25 Април, 2024
0.0273

Тоне ли Македонијатурист како Титаник?

Објавено во: Економија 18 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Хотелиерскиот гигант дојде во ситуација за пола година да не може да направи оперативна добивка од 300.000 евра  што е 61 отсто послабо од лани, а приходите од продажба да му паднат за 22 отсто. Нормално ли е тоа финансиските приходи на „Македонијатурист“ да бидат главен генератор за нето добивката и да се речиси двојно поголеми од оперативната добивка? До кога менаџментот ќе се правда со нелојалната конкуренција и која е таа?

Најголемата хотелиерска компанија во првите шест месеци годинава има пад на оперативната добивка од 61 отсто и таа изнесува само 17,2 милиони денари. Приходот од продажба за првата половина од годинава изнесува 125,7 милиони денари и во споредба со истиот период лани е помал за 22 отсто односно за 35 милиони денари, ова се најважните параметри од полугодишниот финансиски извештај на „Македонијатурист“.

Споредбата на податоците по години исто така покажува дека „Македонијатурист“ го губи своето пазарно учество. Лани разликата во приходи од продажба меѓу првиот и вториот квартал била 96 милиони денари во корист на периодот април-јуни 2016 година. Годинава разликата меѓу првиот и вториот квартал е 80 милиони денари во корист на вториот квартал. Овој податок покажува пад на пазарното учество од 16 милиони денари во споредба со лани, во основната дејност на друштвото тоа е хотелиерство и угостителство.

Работи ли компанијата? Финансиските приходи се поголеми од оперативната добивка!

„Македонијатурист“ заличува на финансиска институција. Од менаџирањето со нејзините средства годинава за првите шест месеци има финансиски приходи од 28,9 милиони денари. Тие се за 13 отсто повисоки од лани. Според паричниот тек во структурата на финансиски приходи приносот од камати учествува со 21,14 милиони денари и е за 21 отсто поголем од лани. Приносот од дивиденди изнесува 7,85 милиони денари и е поголем за 20 отсто од однос на лани. Вкупно од двете ставки компанијата има принос од 29 милиони денари. Во паричниот тек пишува дека во хартии од вредност или заеднички вложувања компанијата инвестирала 2,2 милиони евра во првите шест месеци годинава. Во билансот на состојба пишува дека нејзините краткорочни вложувања надминаа 20 милиони евра и во споредба со лани се поголеми за 12 отсто! Зошто „Македонијатурист“ дојде во ситуација во која нејзините финансиски приходи се безмалку двојно поголеми од нејзината оперативна добивка?

До кога менаџментот ќе се вади на „нелојална конкуренција“?

Зошто менаџментот во образложените објавено кон финансискиот извештај ги повторува истите фрази за нелојална конкуренција? Имаат ли стратегија за хотелиерско работење во вакви услови? Свесно ли одат во намалување на пазарното учество на сопствена штета? Како на овој тренд ќе реагираат големите инситуционални инвеститори – инвестициските фондови кои вложуваат во акциите на „Македонијатурист“?

Зошто акцијата на „Македонијатурист“ расте кога паѓа нејзиното пазарно учество и добивката?

Во периодот од 19 јули до сега акцијата на „Македонијатурист“ порасна значајно од 3.800 денари до 4.600 денари. Во овој период истргувани се 8.450 акции со право на глас. А само во еден ден на 19 јули се истргувани 7.055 акции по цена од 3.800 денари за акција. Од тогаш наваму цената на акцијата порасна за 700 денари со истргувани 1.350 акции. Која е логиката да расте цената на таа акција во услови кога нејзиниот основен бизнис покажува надолна тенденција? Особено кога прашање е дали менаџментот може да покаже флексибилност со оглед на структурата и годините?  Си знаат купувачите. Можно е тоа што „Македонијатурист“ има 20 милиони евра во краткорочни вложувања.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?