28 Март, 2024
0.0254

Тони Цетински и Владо Георгиев на целовечерен заеднички концерт во Скопје поддржан од „Пелистерка“

Објавено во: Мои пари 15 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Хрватската музичка ѕвезда Тони Цетински и црногорскиот шармер Владо Георгиев за првпат во кариерата ќе ги здружат силите и талентот на заеднички концерт што ќе се одржи во сабота во Скопје подгенерално покровителство на компанијата „Пелистерка“.  

Носени од меурчињата на љубовта на газираната вода „Пелистерка“, едни од најголемите балкански музички ѕвезди ќе ѝ овозможат на македонската публика повеќе од 4 часа да ја слави љубовта со нивните многубројни хитови. Бидејќи се одржува само неколку дена по празникот Св.Валентин, концертот ќе биде посветен на сите заљубени, на сите што очекуваат да им се случи љубов, како и на сите оние што едноставно сакаат да уживаат во квалитетна музика која се слуша низ целиот Балкан.

- Месецот кога се слават љубовта и виното, ние го посветуваме на убавата музика. Во Скопје заедно доаѓаат двете најголеми регионални музички ѕвезди во моментов и горди сме што имаме можност да поддржиме ваков настан, со две звучни имиња кои никогаш не настапиле заедно. Несомнено сите присутни ќе уживаат во уникатната можност да ги слушаат во живо талентираните музичари кои се омилени на Балканот – велат од менаџерскиот тим на „Пелистерка“.  

И Цетински и Георгиев досега одржувале концерти во Македонија, но ова е првпат да настапат заедно. Македонската публика ќе ја израдуваат со микс од најубавите љубовни песни, но присутните ќе може да се потсетат и на другите нивни хитови кои се многу популарни на просторот на поранешна Југославија.  

Концертот ќе се одржи воарената „Борис Трајковски“, а влезниците за уникатното музичко доживување може да се набават преку продажните места на „Купи карти за се“. Организатор на концерот е „Прагма“.

Можеби ќе ве интересира

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија