Тони Михајловски бара слобода за Игор Југ
Објавено во: Македонија 22 Септември, 2017
Oслободување на уапсениот Игор Југ, кој вчера беше приведен за упадот и насилството во Собранието на крвавиот четврток на 27 април побара актерот Тони Михајловски.
Тој на својот Фејсбук профил постави фотографија од транспарент на кој пишува „Слобода за Игор Југ“. Ваков транспарент имаше и на профилите на повеќе луѓе кои лично се познавале со уапсениот или беа дел од протестите пред да се случи упадот во Собранието.
Југ вчера беше уапсен во Куманово, откако пред неколку месеци за него беше распишана потерница. Тој беше еден од напаѓачите за кој се верува дека имал и пиштол.
Игор Југ се бараше за кривично дело Учество во толпа што ќе изврши кривично дело, како и за кривично дело Разбојништво.
По него се трагаше со потерница затоа што беше во бегство, а за него имаше одреден притвор.
Југ беше уапсен во станот на татко му во зграда на кумановскиот плоштад.
Српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ на српска телевизија изјави дека Југ требало да го убие лидерот на СДСМ, Зоран Заев.