20 Април, 2024
0.0293

ТОП 10: Најдружељубиви градови во светот-ако сакате да имате пријатели појдете таму!

Објавено во: Стил 03 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Како се одредува дали еден град е пријателски настроен? Споредбите даваат проценки во одредени категории - како и колку често мештаните излегуваат со пријателите, нивната заедничка отвореност кон другите, доверба во пријателите на социјалните мрежи и др. Тоа барем го направиле од сајтот за резервација на хостели Hostelworld.

Истражувањето го анализира однесувањето и односот на над 12 000 лица од 39 големи градови во 28 држави. 

Еве и кои се десетте најпријателски градови во светот.

10. Даблин, Ирска

Оживеаниот Даблин е на десеттото место благодарение на општествените и пријателски настроени луѓе во градот.

9. Хамбург, Германија

Жителите на Хамбург прифаќаат различни видови начин на живот, што ги става на трето место по отвореност кон останатиот свет. Тие исто така се на трето место по желба да се сретнат со нови луѓе, кога патуваат во други делови на светот.

8. Рим, Италија

Италијанскиот град паѓа на осмото место на листата благодарение на Рим, кој има второ највисоко ниво во светот по отвореност кон другите и вториот најголем број локални жители, кои имаат желба да среќаваат нови луѓе, кога патуваат.

7. Мадрид, Шпанија

Ако сте го посетиле Мадрид, сте забележале дека локалните жители ја почнуваат вечерта доцна и често остануваат до зори. Жителите на градот најверојатно си бараат "секакви изговори за забава" и се на второ место по зачестеност на средбите со пријателите, пишува Hostelworld.

6. Копенхаген, Данска

Копенхаген добива висока оценка во голем број категории, која го претвора во навистина пријателски град. Неговите жители се на второ место по либерално размислување во однос на начинот на живот на останатите луѓе во светот.

5. Њујорк, САД

Њујорчани си каснуваат повеќе од било кој друг во светот, а Њујорк се претвора во градот идеална дестинација за одмор за гурманите кои сакаат да сретнат нови луѓе на вечера. Жителите на Њујорк јадат надвор во просек 89 пати во годината или еднаш на четири дена.

4. Бостон, САД

Жителите на Бостон се на трето место според фреквенција на средбите со пријателите и јадење надвор, тие го прават тоа по неколку пати неделно.

3. Чикаго, САД

Уште едно задолжително место за љубителите на вкусната храна. Жителите на Чикаго се на второ место по јадење надвор, во просек 88 пати годишно, што го става градот на трето место во светот.

2. Стокхолм, Шведска 

Шведската престолнина е на второ место на листата на најпријателските градови, бидејќи има најлибералните жители во светот. Граѓаните на Стокхолм се на второ место по зачестеност на користење на социјалните мрежи и се неверојатно приврзани кон заедницата.

1. Гетеборг, Шведска

Шведскиот град е најпријателски и со отворени жители во светот. Неговите жители оддаваат најголемо значење на социјализацијата и за нив социјалните приоритети се поважни од индивидуалните. Гетеборг е на трето место по критериумот за либерално размислување и однос на локалните жители на начинот на живот на другите луѓе во светот.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган