29 Март, 2024
0.0247

Топ 10 најопасни професии за здравјето

Објавено во: Стил 29 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Некои работни места кријат повеќе ризици од други. На пример вработени кои работат во простории во кои се собираат патници од различни страни на светот, се изложени на поголема опасност од заразни болести отколку адвокат, стоејќи во својата канцеларија. Анкета ги подредува најнездравите работни места, рангирани според податоци од Професионалната информациска мрежа и Министерството за труд во САД, цитирано од Business Insider.

За да ги подредат професиите според нивното влијание врз здравјето на вработените, истражувачите зеле предвид 6 главни фактори: изложеност на загадувачи; на болести и инфекции; на опасни услови; на зрачење; ризик од незначителни изгореници, каснувања и убоди; како и времето поминато во седење, бидејќи истражувањата покажуваат дека честото седење го скратува времетраењето на животот. Овие фактори се наредени на скала од 0 до 100, а највисокиот показател покажува зголемен ризик за здравјето.

Еве кои се десетте најопасни професии за здравјето :

10. Асистент на анестезиологот

Тоа му помага на анестезиологот во оперативни и надвор од оперативни процедури поврзани со анестезијата на пациентите.

Средна годишна плата: 101,480 долари

Вкупен ризик за здравјето: 61.3

Топ 3 ризици за здравјето: опасност од инфекции, опасност од радијација и опасност од различни загадувачи.

9. Анестезиолог

Лекарите анестезиолози се оние кои ставаат анестезија и ја следат состојбата на пациентите за време и по операцијата.

Средна годишна плата: 269,600 долари

Вкупен ризик за здравјето: 62.3

Топ 3 ризици за здравјето: опасност од инфекции, од загадувачи, опасност од радијација .

8. Стујарди-стујардеси

Вработените во авионот се грижат за безбедноста, сигурноста и удобноста на патниците. Тие ги поздравуваат патниците, ги проверуваат билетите, го објаснуваат користењето на опремата за безбедност и служат храна или пијалаци.

Средна годишна плата: 48,500 долари

Вкупен ризик за здравјето: 62.3

Топ 3 ризици за здравјето: опасност од загадувачи, опасност од инфекции, од изгореници, каснувања и убоди.

7. Изработувач на орални протези

Тие конструираат орални протези, за да ги заменат исчезнатите заби и други орални структури, за да ги обноват и одржуваат функциите на џвакање и зборување, како и да го подобрат изгледот на човек.

Средна годишна плата: 126,050 долари

Вкупен ризик за здравјето: 63

Топ 3 ризици за здравјето: опасност од инфекции, од загадувачи, од седење.

6. Сестра специјализирана за анестезиологија

Им помага на лекарите за време на операции и се грижи за пациентите во периодот на закрепнување.

Средна годишна плата: 160,270 долари

Вкупен ризик за здравјето: 63.7

Топ 3 ризици за здравјето: опасност од инфекции, од загадувачи и од радијација.

5. Асистент на стоматологот

Им помага на стоматолозите во процесот на работа.

Средна годишна плата:36,940 долари

Вкупен ризик за здравјето: 65.5

Топ 3 ризици за здравјето: опасност од инфекции, од зрачење и од загадувачи

4. Забен техничар

Изработува стоматолошки протези.

Средна годишна плата: 37,680 долари

Вкупен ризик за здравјето: 65.7

Топ 3 ризици за здравјето: опасност од загадувачи од седење и од инфекции

3. Ветеринарен асистент

Тој се грижи за животните во ветеринарните клиники за време на манипулации од страна на лекарите.

Средна годишна плата: 25,250 долари

Вкупен ризик за здравјето: 66.5

Топ 3 ризици за здравјето: опасност од инфекции, од загадувачи и од изгореници, каснувања и убоди.

2. Дентален лекар

Стоматолозите се едни од најужасните лекари за секој човек, но  податоците покажуваат дека работата им е високо ризична и за самите нив.

Средна годишна плата: 153,900 долари

Вкупен ризик за здравјето: 69.5

Топ 3 ризици за здравјето: опасност од инфекција од зрачење и од седење.

1. Дентален хигиенист

Тој се грижи за чистењето на усната шуплина.

Средна годишна плата: 72,910 долари

Вкупен ризик за здравјето: 72.8

Топ 3 ризици за здравјето: опасност од инфекции, од зрачење и од седење

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи