25 Април, 2024
0.0250

Топ десет глупави грешки кои можете да направите со вашиот „смартфон“

Објавено во: Стил 12 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Преводи, листи за на пазар, работни пораки, лозинки, пин-кодови или љубовни тајни - сето тоа се снима во вашиот паметен телефон! Ви нудиме низа на совети кои во голема мера ќе ви го олеслат животот, особено  ако го изгубите вашиот телефон, што не се случува толку ретко колку што мислите. А кога тоа се ќе се случи, податоците ви исчезнуваат, или уште полошо тие се во рацете на крадец. Ова се десетте најглупави грешки кои можете да направите со вашиот „смартфон“ и како да се заштитите од таквите грешки. 1.Немате лозинка Ако вашиот телефон е заклучен со лозинка, податоците исто така се релативно заштитени, па ако немате, подобро веднаш си направете. 2.Не го исклучувате Bluetooth На краток домет многу хакери, може незабележително да влезат во вашиот смартфон, ако не ја исклучите Bluetooth конективноста, откако ќе завршите негово користење. 3.Порачувате онлајн преку вашиот телефон Сајтови како Amazon или Ebay нудат апликации за паметни телефони за да можете да правите нарачки од вашиот мобилен телефон. Користете ги нив, наместо нормални прелистувачи, бидејќи во спротивно ризикувате да станете жртва на измама 4.Не излегувате од апликацијата за интернет- банкарство Да, знаеме дека е многу досадно излегувањето од оваа апликација, но многу е важно да го правите секој пат откако сте користеле апликација за интернет банкарство си. Во спротивно, некој друг добива пристап до вашата банкарска сметка. 5.Автоматски се поврзувате со достапни безжични мрежи Оние кои невино се поврзани со отворени безжични мрежи, често паѓаат во рацете на хакери, бидејќи преку лажни мрежи тие може сосема лесно да влезат во вашиот телефон. 6.Не ги бришете податоците од вашиот телефон пред да го дадете или продадете телефонот Ако не избришете вашите податоци, тоа практично е покана за некој да ги злоупотреби 7. Симнувате бесплатни апликации за Android од незаштитени мрежи Хакери шират вируси преку бесплатни игри и апликации, па купувањето на апликации е безбедно само од познати продавници како Google Play, Amazon, итн 8.Чувате важни податоци на вашиот „смартфон“ Се разбира дека е практично да ги зачувате броевите на сметките, пинкодовите, лозинки и слични на вашиот „смартфон“.  Тие одат во рацете на друг, при губење на вашиот телефон. 9.Не ја бришете историјата на прелистување Вашата мобилна историја е ваша приказна е вашата дигитална трага во мрежата. Таа го праќа крадецот директно на вашиот профил во Amazon, кон порталот за интернет -банкарство, како и во вашиот профил на Facebook. 10.Немате софтвер за препознавање во дaлечина Ако телефонот ви падне во туѓи раце, останува неизвесноста што ќе се случи на вашите податоци. За да не се добие оваа ситуација, мора да се преземат мерки на претпазливост навреме

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти