16 Април, 2024
0.0228

Топлификација АД Скопје суспендирана од котација на берза

Објавено во: Економија 20 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Македонска берза одлучи привремено да ги суспензира акциите на Топлификација АД Скопје кои нема да може да се тргуваат на котација поради нејасната состојба во друштвото кога за краток период се закажани две собранија на акционерите на кои треба да се дискутира за состојбите во 2015 и 2016 година. Затоа се додека не се надмине оваа состојба со акциите на Топлификација ќе може да се тргува на слободниот пазар.

- Имајќи го предвид објавениот јавен повик во весникот „Вечер“ на 15.09.2017 година од лицето овластено од судот за свикување на собрание на акционери на Топлификација АД Скопје за 18.10.2017 година (на кое би продолжиле да се разгледуваат прашања поврзани со работењето на друштвото во 2015 година), во услови кога друштвото во меѓувреме свикало собрание на акционери за 29.09.2017 година (на коешто би се разгледувало работењето на друштвото во 2016 година), како и образложенијата на настаната состојба дадени од Топлификација преку СЕИ-Нет на 18.09.2017 година, во коешто друштвото оценува дека поради одлуки на судот е настаната “целосно конфузна состојба“ којашто допрва треба да биде разрешена, а со цел одржување на стабилен пазар на хартии од вредност и заштита на интересите на инвеститорите, Одборот на директори на Берзата, на својата седница одржана на 19.09.2017 година, одлучи акциите издадени од Топлификација АД Скопје времено да се суспендираат од котација, согласно член 53 од Правилата на Котација на Берзата, во траење од 30 дена, почнувајќи од 20.09.2017 година. 

Исто така, Одборот на директори одлучи во текот на траењето на суспензијата со акциите издадени од Топлификација АД Скопје да се тргува на Редовниот пазар на Берзата, на подсегментот Слободен пазар, со цел да им се овозможи на акционерите на Топлификација АД Скопје и на инвеститорите на пазарот на хартии од вредност непречено тргување со овие акции. Тргувањето со акциите на Топлификација АД Скопје на Слободниот пазар ќе почне на 20.09.2017 година, во режим на континуирано тргување. 

Оттука, ги информираме инвеститорите на пазарот на хартии од вредност дека при евентуалното тргување со акциите на Топлификација АД Скопје на Слободниот пазар на Берзата, треба да ги имаат предвид настанатите промени во поглед на котацијата на друштвото на Берзата и неговите обврски за известување на јавноста, стои во објавата на Македонска берза.

Можеби ќе ве интересира

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?

СЕ НАОЃА ВО БОСНА: Ова е град на милионери

СЕ НАОЃА ВО БОСНА: Ова е град на милионери

РАСТЕ ЦЕНАТА НА СРЕБРОТО: Кризата на Блискиот Исток води кон негово поскапување

РАСТЕ ЦЕНАТА НА СРЕБРОТО: Кризата на Блискиот Исток води кон негово поскапување

ИЛОН МАСК СО РАДИКАЛНА МЕРКА: Тесла ќе отпушти над 10 отсто од својата работна сила

ИЛОН МАСК СО РАДИКАЛНА МЕРКА: Тесла ќе отпушти над 10 отсто од својата работна сила

ЕВЕ КОИ ВОЗАЧИ ТРЕБА ДА ГИ ЗНААТ НОВИНИТЕ - Регулаторна со нови цени на нафтените деривати

ЕВЕ КОИ ВОЗАЧИ ТРЕБА ДА ГИ ЗНААТ НОВИНИТЕ - Регулаторна со нови цени на нафтените деривати

НЕ МУ СЕ ПЛАШЕТЕ НА СТУДЕНИОТ БРАН, ИАКО ДЕНЕСКА ЗАВРШУВА ГРЕЈНАТА СЕЗОНА - ако е многу ладно, пак ќе ни пуштат парно

НЕ МУ СЕ ПЛАШЕТЕ НА СТУДЕНИОТ БРАН, ИАКО ДЕНЕСКА ЗАВРШУВА ГРЕЈНАТА СЕЗОНА - ако е многу ладно, пак ќе ни пуштат парно

Кој заработи 2 милиони евра од продажба акции во „Македонијатурист“?

Кој заработи 2 милиони евра од продажба акции во „Македонијатурист“?

БЕЛГРАД НА ВОДА СЕ ШИРИ - ќе се протега и на Нов Белград и ќе дојде до Хиподром

БЕЛГРАД НА ВОДА СЕ ШИРИ - ќе се протега и на Нов Белград и ќе дојде до Хиподром

ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА ВЕЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИЈА КАКО РЕЗУЛТАТ НА ИРАНСКИОТ НАПАД: Се очекува цените дополнително да рипнат

ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА ВЕЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИЈА КАКО РЕЗУЛТАТ НА ИРАНСКИОТ НАПАД: Се очекува цените дополнително да рипнат