16 Април, 2024
0.0582

Топлификација реагира: Со Битар Холдингс Лимитед нека директен контакт од 2012 што е проблем

Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Во врска со објавената статија на веб страната www.faktor.mk на ден 12.10.2017 година насловена како „Што се случува во Топлификација АД? Собрание на акционери на 18 октомври. Но зошто?“, Друштвото Топлификација АД Скопје го објавува следниот демант-информација:

Оф шор компанијата Битар Холдингс Лимитед (во понатамошниот текст: БХЛ) со седиште во Никозија – Кипар, од јуни 2012 година е акционер во Топлификација АД Скопје со 74 000 акции или 16,44% од вкупниот број на акции. Од тогаш, па се до денес, Топлификација нема директен контакт со овој акционер, што всушност претставува и најголем проблем. Сите дописи од овој акционер од Кипар се доставуваат до Топлификација АД од лица вработени во ТЕ- ТО АД Скопје и Балкан Енерџи Груп, на македонски јазик заверени на нотар или пак печатени во боја. Од тие причини, Топлификација некoлку пати се има обратено до надлежни институции, заради утврдување на веродостојноста на добиената документација.

За Собранието кое беше закажано за ден 12.07.2016 година, од страна на вработено лице во адвокатското друштво Чукиќ и Марков беа доставени документи, при што не беше јасно дали полномошното за учество на собранието го има адвокатското друштво или лицето вработено во тоа друштво. Воедно, со графолошко вештачење беше утврдено дека потписите на доставените документи не се идентични, односно не се ставени од ист скриптор. Од тие причини, Топлификација го информираше адвокатското друштво за недостатокот на доставениот материјал, од каде бевме информирани дека ќе се поправи недостатокот, што не беше сторено до почетокот на седницата на Собранието.

На седницата на Собранието која се одржа на 12.07.2016 година, и покрај тоа што имаше кворум за работа, откако на полномошникот на БХЛ му беше укажано дека не може да се прифати полномошното, полномошникот на БХЛ и полномошниците на акционерите вработени во друштвата во Балкан Енерџи Груп побараа да го одјават своето присуство. Со нивното повлекување, а заради немање на потребен кворум за работа, собранието  бешe презакажано за 19.07.2016 година.

На Собранието на 19.07.2016 година се појави директорот на БХЛ кој исто како и сите други акционери и полномошници на акционери беше легитимиран и беа побарани документи кои неговите помошници ги презентираа, која постапка не траеше повеќе од петнаесеттина минути.

Заради одредени неправилности, констатирани во записникот кој го водеше надлежен нотар, настанати во текот на работењето на собранието во процедуралниот дел, незадоволни од таквото работење поголема група на акционери го напушти собранието. Информацијата дека управниот одбор и лицата задолжени за организација ги земале со себе акционерската книга, полномошната и останатите документи не е точно, кое нешто е нотирано во записникот на надлежниот нотар.

Погрешна е информацијата дека нотарот сметал дека има услови да продолжи собранието со работа. Претседавачот на собранието, на кој од страна на нотарот му беше укажано дека треба да го прекине собранието поради неправилности, сепак продолжил со работа, при што по изгласувањето на неколку  одлуки,  прекинал со работа и закажал продолжение на седницата за  28.07.2016 година.

Топлификација се обидуваше да добие записник од седницата на собранието од 19.07.2016 година, но заради тоа што претседавачот со собранието на сакал да го потпише записникот, Топлификација дури на 28.07.2016 година доби неофицијална копија од записникот од кој воочени се сериозни отстапувања од законските одредби, нотирани од страна на нотарот.

За изгласаните одлуки од собранието од 19.07.2016 година,  Основен суд Скопје 2 Скопје донесе Решение за привремена мерка со кое на Топлификација и е забрането да ги спроведува  одлуките и истите не можат да се спроведат во Централниот регистар на РМ. Во тековната состојба се уште стои актуелниот надзорен одбор.

Со оглед на тоа дека не се одржа продолжението закажано за 28.07.2016 година, ниту истото беше закажано во законски предвидениот рок, Управниот одбор со цел да постапи согласно Законот за трговските друштва, закажа Собрание на акционери за ден 04.10.2016 година,  со истиот дневен ред како дневниот ред објавен за седницата на собрание на акционери закажана за 19.07.2016 година.

На ден 04.10.2016 год. заради немање на кворум за работа, собранието беше презакажано за 06.10.2016 година, кога Топлификација АД одржа годишно собрание на акционери и беа донесени одлуките од предложениот дневен ред.

Интересен податок е што скоро сите одлуки на собранието одржано на ден 19.07.2016 година се гласани со 171.410 акции со право на глас, додека на собранието одржано на ден 06.10.2016 година одлуките се донесени со над 187.000 акции со право на глас, што претставува над 80% од вкупниот број на присутни акционери и полномошници на акционери, од што јасно се гледа каде е мнозинството на акционери и кои се нивните интереси и потреби.

За жал над сето ова, Основен суд Скопје 2 Скопје непотребно и со погрешна примена на одредбите од Законот за трговски друштва, по барање на група акционери - предлагачи носи решение со кое го  усвојува предлогот за свикување на собрание, со што ја искомплицира целата ситуација.

 Групата на предлагачи кои бараат одржување на собрание по пат на одлука на судот, е група од десетина акционери вработени во друштвата на Балкан Енерџи Груп АД, чиј основач е Битар Холдингс Лимитед (за потсетување: акционер во Топлификација АД и најголем должник на Топлификација АД со долг од околу 23 милиони евра).

Рокот за постапување по ова решение на судот е изминат, но сепак лицето определено од судот, по објавување на повикот на ден 26.08.2017 година за годишно собрание за 2017 година, на ден 15.09.2017 година објави повик за одржување на собрание на акционери за 2016 година, со што ги доведе во заблуда поголемиот број на акционери.

Во врска со ова решение на судот, Топлификација АД има поднесено предлог за повторување на постапката и кривична пријава против првостепениот судија и советот од Аелационен суд.

За апсурдот да биде уште поголем, лицето определено од судот за свикување и одржување на собрание, на 10.10.2017 година до Топлификација АД достави информација дека неговите ингеренции биле исцрпени и спротивно на решението неовластено дава задолжение Топлификација АД да продолжи по задолженијата на судот. Во прилог на дописот достави и барање од БХЛ за дополнување на дневниот ред (утврден од страна на судот) со точка за отповикување на членовите на надзорен одбор. Со ова барање директно се обелоденуваат намерите на БХЛ.

Иако судот со погрешна примена на Законот за трговските друштва донел решение на основ на околноста дека друштвото нема надзорен одбор и било кој акционер може да побара од судот да определи лице кое ќе го свика собранието, сега акцониерот БХЛ доставил Барање за дополнување на дневниот ред со нова точка –отповикување на членовите на надзорен одбор.

Топлификација АД Скопје има закажано редовно годишно собрание за 31.10.2017 година (вторник) со почеток во 17.00 часот во просториите на хотел Континентал во Скопје, во свечена сала.


Можеби ќе ве интересира

Данела Арсовска: Универзална сала изгоре по еден месец откако е под Министерството за култура

Данела Арсовска: Универзална сала изгоре по еден месец откако е под Министерството за култура

УБАВА, ИНСПИРАТИВНА, ВО ЦРНО - обвинителката Фатиме Фетаи во свој стил го прослави 39 роденден

УБАВА, ИНСПИРАТИВНА, ВО ЦРНО - обвинителката Фатиме Фетаи во свој стил го прослави 39 роденден

Среќна сум што НЛБ Банка го препозна потенцијалот на нашиот проект во момент кога тоа ни е можеби најпотребно: Ксенија Николова за „Better Women Better World“

Среќна сум што НЛБ Банка го препозна потенцијалот на нашиот проект во момент кога тоа ни е можеби најпотребно: Ксенија Николова за „Better Women Better World“

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта

„ОСМАНИ Е ЕДНА ОД ГОЛЕМИТЕ ГРЕШКИ НА СДСМ. ДАЛИ Е МЕЃУ ГРЕШКИТЕ ШТО ГИ ПРЕПОЗНАВААТ?“: Најчевска со реакција на изјавата на Османи дека нема да присуствува на средби на Отворен Балкан

„ОСМАНИ Е ЕДНА ОД ГОЛЕМИТЕ ГРЕШКИ НА СДСМ. ДАЛИ Е МЕЃУ ГРЕШКИТЕ ШТО ГИ ПРЕПОЗНАВААТ?“: Најчевска со реакција на изјавата на Османи дека нема да присуствува на средби на Отворен Балкан

Малолетник од Тетово украл автомобил и направил сообраќајка

Малолетник од Тетово украл автомобил и направил сообраќајка

СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ И ДЕНЕС ШТРАЈКУВААТ - се уште нема конкретен одговор од надлежните, предизборниот период главна кочница

СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ И ДЕНЕС ШТРАЈКУВААТ - се уште нема конкретен одговор од надлежните, предизборниот период главна кочница

„ДИРЕКТОРОТ НА ТОКСИКОЛОГИЈА СИ ЈА ВРАБОТИЛ СНААТА“: Новинарот Фуркан Салиу со уште еден „упад“ во клиника, овој пат обвинува за непотизам на Токсикологија

„ДИРЕКТОРОТ НА ТОКСИКОЛОГИЈА СИ ЈА ВРАБОТИЛ СНААТА“: Новинарот Фуркан Салиу со уште еден „упад“ во клиника, овој пат обвинува за непотизам на Токсикологија