16 Април, 2024
0.0249

Топлификација лебди ни на небо, ни на земја, енергетскиот систем под закана да ја преживее зимата!

Објавено во: Анализа, Македонија 03 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Топлификација може да ја преземе било кој, но бизнисот сигурно нема да оди мазно, коментираат доброупатени извори за „Фактор“. Проблемите во оваа сфера се толку големи, што кој и да ја земе Топлификација ќе се соочи со низа пречки за работа, кои ќе му создаваат постојани главоболки. Но, да одиме по ред. Во бизнисот со Топлификација се вртат 60 милиони евра 60 милиони евра се фактурите, толку евра годишно се вртат во топлификацискиот бизнис. Дали е ова толку вреден бизнис за да се отвори голема битка со Топлификација, никој не кажува, но компанијата е на мета од многу страни. Летово кипарска фирма купи 16,44% или откупи 74.000 акции од вкупниот удел што го продаде словенечкиот акционер „Потеза“, но фирмата не стана мнознински акционер. Шпекулациите беа дека првиот човек на Топлификација, Димитар Хаџимишев не сака да се откаже од фирмата по никоја цена, но, прашањето е зошто никој не се јавува на повиците на регулаторите, кои откако компанијата ги врати лиценците за снабдување, производство и дистрибуција на топлинска енергија, експресно преку јавен повик бара нови фирми за да им додели лиценци. Топлификацискиот бизнис е нерентабилен Топлификацискиот бизнис не е атрактивен затоа што во него нема многу пари. Овој бизнис е регулиран од страна на регулаторната комисија за енергитика. Утврден е профитот кој може да го остварува компанијата, но факт е дека Топлификација сега работи нерентабилно. Во своето известување на македонска берза, компанијата напиша: „Зголемувањето на цените на горивата во текот на 2010 и 2011 година значително го зголемија потребниот обртен капитал за вршење на дејноста производство на топлинска енергија. За грејната сезона 2011/2012 година износот на потребниот обртен капитал достигна вредност од 25 милиони евра што беше далеку над можностите на Топлификација АД. Поради тоа за таа грејна сезона Топлификација АД користеше заем од АД ЕЛЕМ и АД МЕПСО во висина од 4 милиони евра по комерцијални услови, камата 9% на годишно ниво и рок на враќање август 2012 година. Овој заем согласно договорените услови беше вратен. Ако е така како што велат од компанијата, тогаш Топлификација мора да излезе и јавно да соопшти зошто работи нерентабилно. Дали има ненаплатени побарувања, кој им должи, колкави се долговите на Владата, зошто фирмата е доведена во ваква состојба, дали има превработеност, или несоодветно ниво на плати? Топланите се во сопственост на Топлификација Топлификација ги врати лиценците за производство, снабдување и дистрибуција со топлинска енергија, затоа што компанијата работи нерентабилно. Прашањето кое сега се поставува е која фирма ќе се јави на јавниот повик на регулаторите, ако се знае дека Топлификација и да се откаже од лиценците (како што и упорно посакува) тогаш новата фирма ќе мора да им плаќа рента на Топлификација затоа што ќе ги користи нејзините топлани. Државата ако сака може да го реши проблемот Државата ако сака може да го реши проблемот. Еве на пример на овој начин: државата да и даде од стоковите резерви на Топлификација одредена количина на мазут (колку што ќе се договорат) се разбира со постигнат договор како и кога да се врати мазутот. Нормално државата треба да побара и одредени услови, односно да им наложи на Топлификација да ја намали цената на парното греење, да приклучи голем број од граѓаните кои што веќе не се приклучени на мрежата и на овој начин би можела да ја избалансира работата. Во исто време мора под итно да проработи и ТЕ ТО комбинираната гасна електрана која треба да произведува топлинска и електрична енергија и каде всушност топлинската енергија се добива на поевтин начин.. Постојат и други порадикални решенија во смисла на национализација. Топлфикација има проблем и со технологијата Владата мора да размислува за поефтина енергија. Проблем кај Топлификација е и тоа што таа е градена во 70-тите години, тегнологијата е стара, не е ефикасна, наспроти нејзе го имаме ТЕ ТО кој е супер ефикасен, но не работи. Проблемот на оваа приватна инвестиција е што не може да набави природен гас, за да профункционира. Во целата оваа ситуација интересна е улогата на ТЕ ТО. Оваа приватна компанија од природен гас требаше да произведува топлинска и електрична енергија. ТЕ ТО сега не работи. Симптоматично е што токму Топлификација беше главниот промотор на оваа приватна инвестиција на руски “Синтез груп“. Денес се чини односите помеѓу Топлификација и ТЕ ТО не се посакувано ниво, а  Топлификација има 20% акции од ТЕ ТО. Топлификацискиот бизнис во регионот Денес во Србија постојат повеќе топлани кои преку систем ги снабдуваат станбените населби со топлинска енергија, организирани се во една Топлана Србија. Србите годинава исто така имаа сериозни проблеми пред почетокот на грејната сезона. УО на ова претпријатие констатираше дека топланите на Србијагас и должат помеѓи 14 и 15 милијарди динари (123,8 милиони и 132,7 милиони евра), а должат и 42.000 тони мазут стокови резерви. Поради лошата состојба пред почетокот на грејната сезона речиси сите топлани најави дека ќе ги зголемат цените, кои се движат околу 1 евро од квадрат за граѓаните, додека за останатите категории цените се повисоки. Идентична е ситуацијата и со Бугарија. И таму топланите имаат огромни долгови кон „Булгаргас“. И српските и бугарските топлани се под државна капа. Во Бугарија пред две години дури имаше и апсења на директори обвинети дека проневериле големи суми на пари. Ќе се смени ли сопственичката структура во Топлификација Во изминатиов период Топлификација е на мета на многу купувачи. Според непотврдени информации „Балкан енерџи груп“ е компанија, која неодамна се распрашувала по македонските деловни банки за тоа какво е финансиската состојба на компанијата за производство и дистрибуција на топлинска енергија. Инаку, непосредно после купувањето на акциите на словенечка „Потеза“, од страна на „Кордикор инвестментс лимитед“, кипарската фирма која во јуни стана најголем поединечен акционер во „Топлификација“,   Топлификација Скопје до своите акционери испрати текст на спогодба за формирање мнозински пакет-акции. Тогаш од компанијата соопштија дека овој потег следува во согласност со одлуката на Надзорниот одбор за формирање мнозински пакет-акции за заштита на интересите на сите акционери на Топлификација. Но, пакетот не се создаде, а Топлификација денес лебди, ни на небо ни на земја, што би се рекло. Во расчекор од стварните можности и апетитите за нејзино преземање, но лесно може да се случи ваквата ситуација да донесе и поголем проблем во енергетскиот сектор. Ако не успеат да се договорат новите играчи на пазарот со постоечката топлификација, каде се уште е клучот за успешно снабдување со топлинска енергија може да дојде до случи колапс на енергетскиот систем во Македонија. Сите граѓани ќе се приклучат на електрична енергија што пак несомнено ќе предизвика преоптоварување на мрежата. Сепак работите ќе станат појасни кога ќе заврши јавниот повик на Регулаторната комисија за енергетика која бара фирми даго преземат бизнисот на Топлификација. За Фактор Мишко Иванов, новинар во ТВ 24 Вести

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза