ТРАГЕДИЈА НА ЗАКИНТОС: Најдено тело
Објавено во: Балкан 20 Јули, 2017
Тело на 58-годишен маж е пронајдено на островот Закинтос во Грција.
Тој извршил самоубиство со бесење. Иако итната помош брзо интервенирала, не успеале да го спасат. Телото ќе биде предадено на обдукција.
Властите во Грција ваквите настани ги припишуваат на безвластието, нереагирањето на полицијата, како и лесната достапност на сомнителен алкохол и дроги на островот.
Ова е само еден од низата на инциденти кои се случија на Закинтос.
Претходно имаше повеќе тепачки, при што Срби убија странски турист.