ТРАГЕДИЈА: Тргнале на прослава на 8-ми март и загинале
Објавено во: Балкан 08 Март, 2017
Седум лица загинале, а 33 се повредени кога се превртел автобус кој сообраќал од Бурса до Анкара.
Во автобусот биле жени кои патувале на прослава на 8-ми март во Анкара.
Автобусот се превртел затоа што на остра кривина возачот изгубил контрола над возилото.
Тие преку синдикатот биле организирани да одат на свеченост во Анкара.