ТРАГЕДИЈА ВО ИСТАНБУЛ: Падна покрив на џамија - уби тројца луѓе
Објавено во: Балкан 10 Јануари, 2017
Три лица загинаа, а 23 се повредени денеска при уривање на покрив на џамија во Истанбул.
Покривот на џамијата Атакој во квартот Бакаркој, во европскиот дел од Истанбул, се урнал поради тежината на снегот што бил наврнат.
Трагедијата се случила за време на погребна церемонија по пладневната молитва.
По уривањето на покривот десетици лица останале затрупани под снегот.
Спасувачките екипи продолжуваат да работат на местото на инцидентот.
Во градот снег паѓа од петок.