28 Јуни, 2017
0.0938

Трамп ги обвинува медиумите за Русија

Објавено во: Колумни 17 Февруари, 2017

Едно е предизборие, а друго е седнување во Белата куќа. Американскиот претседател ДоналдТрамп за кого американските специјални служби беа загрижени како ќе се однесува како претседател, сметајќи дека е несериозен, дека е неодговорен и непредвидлив, сега виде во каква вода влегол. Од неговиот кабинет излегуваат информации, специјалните служби лиферуваат информации во медиумите, а овие толку чекаа за да му се „светат“ за неговиот однос кон нив.

Вчера на прес конференција  Трамп повторно ги обвини медиумите за распространување на „лажни вести“ кога станува збор за Русија. Тој дури вети истрага за протекувањето на материјали од специјалните служби во медиумите. Трамп нагласи дека чиновниците од неговата администрација, според негова информација, немаат врски со Русија. „Тие ништо не знаат за тоа. Тие никогаш не биле во Русија. Тие никогаш не ѕвонеле во Русија. И ним никој не им ѕвонел. Тоа се „лажни вести“, изјави американскиот претседател.

Како и за време на предизборието Трамп и вчера , како што пренесоа агенциите, се залагал за подобрување на односите со Русија. „Јас ништо не сум правел за Русија, ниту сум направил“, изјави Трамп, додавајќи дека „ХилариКлинтон и предаде на Русија 20 проценти од ураниумот од нашата држава“. Според него вистинска новост е фактот дека луѓе , веројатно од администрацијата на Обама, кои останале во органите на извршната власт се занимаваат со спроведување на антируска кампања. Тој цени дека антируската кампања покрената во медиумите против Русија може да му даде на рускиот претседател Владимир Путин лажен сигнал. „Можеби Путин смета дека дека не може да се договори со мене, затоа што, од политичка точка на гледање, постигнувањето на таков вид договор за мене нема да биде популарен“, рече Трамп, додавајќи дека не знае дали ќе се успее да се постигне договор. Трамп вели дека „за него е многу полесно да зазема цврстапозиција кон Русија за да се постигне договор“, но тој сака да постапува „правилно“ кон тоапрашање, поаќајќи од интересот на Американците и целиот свет. „Не заборавајте, дека ниесме многу моќнануклеарназемја, како и тие, ако имаме добриодноситоаќе биде, верувајте, прекрасно“, истакна Трамп пред новинарите.Според него, можноста да се договори со Русија, а исто така со Кина, Јапонија и сите други е позитивен, а не негативен момент.

Слушајќигосетоовакако да се потсетуваме на изјавите од предизборието, когатојдавашеслични искази во поглед на Русија. Очгледно дека многу му е важно да имадобриодноси со Русија. Особеносегакоганаидува на опструкции на тој план.  Пред некојденоставка си поднесесоветникот за националнабезбедност, МајклФлин, којгонарушиамериканскотозаконодавство. Вашингтон пост извести дека Флин лани во декември со рускиотамбасадорразговарал за можноста за укинување на санкциите кон Русија. Со оглед на тоаштотогаш не бил чиновник воадминистрацијата, тоа се коси со законите. И тојјанапуштифункцијата. Информацијата за средбатапротече од специјалнитеслужби. И затоа Трамп е многу лут и најверојатноќе се обиде да гиреформира.

Неделаваштоизмина  Трамп и некоилуѓе од неговатаадминистрацијаизлегоа со остри изјави во однос на Русија. Трамп „твитна“ декаКримРуситего зеле за време на Барак Обама, а тој бил многу мек. Шон Спејсер, прессекретарот на Белатакуќаизјави дека Трамп очекуваРусија да говратиКримна Украина. Шефот на Пентагон ЏејмсМатис во Бриселизјави дека имаатнамера со Русија да разговараат од „позиција на сила“. Сетоовакако да е во расчекор со она што вчера гоговореше Трамп пред новинарите.

Во ноември лани пресекретарот на Путин, Димитриј Песков, нагласи дека и Трамп и Путин во преден план гиимаатинтересите на нивнитедржави. Според него и Путин е приврзаник за подбрување на односите со САД, но додаде дека „не треба се’ да се гледа со розови очила, бидејќи се’ ќе биде многу тешко.“

Ако се има предвид се она што досега го кажувал Трамп за Русија, се потврдува една констатација искажана во јули лани на овие страници дека: „Во Москва сигурно не се залажуваат со тоа кој е подобар избор за нив. И покрај сегашните изјави на Трамп, сигурно тој нема да биде истиот доколу стане претседател. Од друга страна ХилариКлинтон, колку и да е серт во однос на Русија, ќе биде попретсказлива во односите меѓу двете држави.“

Проблемот на односите меѓу двете големи држави не е во тоа кој е на чело на државата. Проблемот е во политиката изградена, пред се, од страна на САД по падот на „железната завеса“ и крајот на „студената војна.“А потоа и политиката од другата страна, по заминувањето на Борис Елцин од власт.

Имињата се менуваат, барем во САД, но политиката останува. И во право се некои експерти кога велат дека грешат руските новинари и експерти кога го напаѓаат стариот претседател кој е во заминување во САД и имаат преголеми надежи од новиот. Истото важи и за нивните западни колеги, кои сметаат дека сите проблеми доаѓаат од „лошиот“ Путин.
Токму овде треба да се направат некои промени. Но според првите настапи на новата администрација тешко е да се верува во тоа. Исто важи иза другата страна.  Колку за пример, на изјавата на шефот на Пентагон,ЏејмсМатис, дека со Русија треба да се разговара од „позиција на сила“, неговиот руски колега, Сергеј Шојгу, изјави дека со Русија не може така да се разговара. Тоа го покажало и минатото. Во таква ситуација може ли да се зборува за подобрување на односите? Одговорот ќе го дадат Трамп и Путин кога ќе се сретнат. Во Берлин на Самитот на Г-20 или во Љубљана во тие денови.

Мирче Адамчевски


Можеби ќе ве интересира

СОНОТ НА МИТКО

СОНОТ НА МИТКО

Груевски смета дека телевизиите ја „галат“ новата власт, а 11 години него го „масакрираа“

Груевски смета дека телевизиите ја „галат“ новата власт, а 11 години него го „масакрираа“