25 Април, 2024
0.0341

Трамп ги повика лидерите да ги избркаат терористите од нивните општества

Објавено во: Свет 21 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Претседателот на САД, Доналд Трамп  пред претставниците на земјите од Персискиот залив објасни дека САД не е во војна со исламот, туку дека борбата против терористичките групи е борба на доброто и злото.

Ги повика лидерите да ги избркаат терористите од нивните општества и земји. 

„Ова не е битка меѓу различни вери, различни полови или цивилизации. Ова е битка меѓу варварските криминалци, кои го бришат човечкиот живот, и добри луѓе, се во името на религијата. Луѓе кои сакаат да го заштитат својот живот и својата религија. Ова е битка меѓу доброто и злото“ - вели Трамп. 

И покрај тоа што во својата реторика постојано укажуваше на заедничката борба против тероризмот, сепак додаде дека муслиманските земји мора да ја преземат главната улога во борбата против радикализацијата на поединци и групи, затоа што единствена цел е победата над екстремизмот и силите кои раѓаат терор, за децата да живеат во свет без омраза. 

„Првата задача во овој заеднички напор е - вашите нации да забранат влез на секој војник на злото. Секоја земја од регионот има должност да се осигура дека терористите немаат засолниште на нивната територија“ - рече Трамп. 

Тој додаде дека мора да се запрат каналите преку кои терористите добиваат пари. 

Трамп рече дека не треба да се убиваат невини муслимани или да се вршат репресии на жените. 

Обраќањето на Трамп аналитичарите го толкуваат како обид на САД да обезбеди поддршка од муслиманските и  арапските земји во борбата против џихадистичката група „Исламска држава“. Оваа група уште контролира големи територии во Сирија и Ирак и е активна и во други доминантно исламски земји, како Либија, Авганистан и Египет.

Можеби ќе ве интересира

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница