28 Март, 2024
0.0260

ТРАМП ГО НАПАДНА ТЕРМИНАТОР: Твитер војна на претседателот со Шварценегер

Објавено во: Свет 09 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп решил да му се одмазди на славниот актер и поранешен гувернер на Калифорнија Арнолд Шварценегер, па го нападна на Твитер.

Тој го критикувал поради рејтингот во ријалити емисијата „Шегрт“, каде Терминатор на местото водител го заменил токму новиот шеф на Белата куќа.

Филмска ѕвезда

-Вау, рејтинзите стигнаа и Арнолд Шварценегер е „закопан“ (или уништен) во споредба со рејтинг машината Доналд Трамп. Толку за тоа што некој е филмска ѕвезда-а тоа е првата сезона во споредба со 14. Но на кого му е гајле, тој ги поддржа Кејсик и Хилари“, напиша Трамп на Твитер.

Од овие твитови е јасно дека Трамп, кој и понатаму е извршен продуцент на емисијата, иако своето место водител на „Шегрт“ му го препуштил на боди билдерот, не му простил што не бил со него во кампањата. Шварценегер го поддржал Џон Кејсик на внатрепартиските избори на Републиканската партија, а тогаш изјавил дека прв пат нема да гласа за републикански кандидат од доселувањето во САД од Австрија, бидејќи не се сложува со изјавите на Трамп и ставовите во врска со мигрантите и жените.

Меѓутоа, по победата на Трамп, Арнолд на сите кои протестираа против него им порача да престанат да кукаат и да се помират со поразот.

-Ти посакувам среќа и се надевам дека ќе работиш за сите Американци исто толку агресивно како што работеше за рејтингот. Не постои ништо поважно од работата за народот-му одговорил Арнолд на Трамп на Твитер.

Но, не се задржал тука, му порача и дека проучи еден говор од американскиот претседател Абрахам Линколн:

-Ние не сме непријатели, туку пријатели. Не смееме да бидеме непријатели. Иако страста е затегната, не смее да ги скрши нашите врски.

Инаку, Терминатор на местото водител на „Шегрт“ во првата епизода привлекол 4,9 милиони гледачи додека Трамп пред две години имал 6,5 милиони.

Можеби ќе ве интересира

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток