Трамп и Ердоган ги затоплуваат односите - Можна ли е нова динамика на светската карта?
Објавено во: Свет 10 Септември, 2017
Американскиот претседател Доналд Трамп и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган ќе се обидат да ги затоплат односите меѓу двете земји и да покажат дека склученото стратешко партнерство не е замрзнато. Меѓусебните релации се влошија откако САД одби да го екстрадира проповедникот Фетулах Ѓулен кој Турција го сомничи за главен инспиратор на терористичката организација „ФЕТО“ за која сметаат дека го организираше и изврши воениот пуч во јули минатата година.
Затоа Трамп и Ердоган разговарале телефонски и се согласиле да продолжат да работат на зајакнување на односите и регионалната безбедност, соопшти Кабинетот на шефот на турската држава.
– Укажувајќи на стратешкото партнерство помеѓу Турција и САД, двата лидери го истакнаа значењето на понатамошната заедничка работа на понатамошното интензивирање на билатералните односи и стабилноста на регионот, се посочува во соопштението.
Ердоган и Трамп, исто така се договорија да се сретнат во Њујорк, на седницата на Генералното собрание на Обединети нации.
Односите меѓу САД и Турција се тензични поради поддршката на Вашингтон за курдските припадници на милицијата Единици за заштита на народот, која според официјална Анкара е терористичка група, а се бори против Исламска држава во Сирија.
Турција е „разочарана“ од САД и поради одбивањето на Вашингтон да го екстрадира муслиманскиот свештеник Фетулах Ѓулен, кој Анкара го обвинува за организирање на минатогодишниот неуспешн државен удар. Ѓулен повеќе години живее во егзил во САД.