26 Април, 2024
0.0498

Трамп: НАТО е застарен. И други земји ќе го следат Brexit

Објавено во: Свет 16 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

НАТО е застарен, изјавил новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во интервју за британскиот весник „Тајмс“ и германскиот „Билд“.

„Одамна реков дека НАТО има проблеми. Прво, дека организацијата е застарена, бидејќи е формирана пред многу години. Второ, земјите (членки) не плаќаат колку што треба“, коментира бизнисменот и иден прв човек на САД.

Тој појасни дека малку земји-членки го достигнуваат нивото од 2% од нивниот БДП за воени трошоци, каква е целта поставена од Алијансата во 2014 година.

Ние треба да ги заштитиме овие земји, но многу од нив не плаќаат колку должат, и тоа е неправедно кон САД, изјави Трамп. Според него само 5 држави си ја плаќаат сметката во НАТО: „Пет не е многу“, критикуваше тој.

Според него, НАТО е застарен, бидејќи не се занимава со тероризмот. „Сепак, НАТО останува многу важна организација за мене“, нагласува избраниот претседател на САД.

За време на кампањата Трамп изјави дека ќе размисли двапати пред да и помогне на земја од НАТО, ако САД не бидат „разумно обесштетени“ за поддршката. Коментарот му беше за принципот на солидарност во Алијансата и поконкретно за земјите од Источна Европа, во близина на Русија, во случај на агресија.

Трамп коментира и дека германската канцеларка Ангела Меркел има направено „катастрофална грешка“, отворајќи ги границите на Германија за бегалци.

Тој предвиде успех на Brexit и најави дека сака да потпише во кратки рокови трговски договор со Велика Британија.

Ќе работиме напорно за да склучиме таков договор побрзо и по правилата. Ќе е добро за двете страни, истакна Трамп. Зборовите му се спротивни на бараното од сегашниот претседател Барак Обама дека Велика Британија ќе треба да се нареди на крајот на опашката на чекање за трговски договори со САД, ако ја напушти ЕУ.

Следниот претседател го нарече Brexit  “голема работа“ и предвиде дека и други земји ќе ја напуштат ЕУ, следејќи го примерот на Лондон - причината ќе е кризата со мигрантите.

„Тоа беше последната сламка која го скрши грбот на камилата ... сметам дека други ќе ја напуштат Унијата“, рече тој.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек