28 Март, 2024
0.0274

Трамп не ги симна Тачи и Адеми од „црната“ листа

Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Претседателот на САД Доналд Трамп ја донесе својата прва одлука која се однесува на Македонија и на дел од земјите од Западен Балкан со тоа што го продолжи важењето на „црната“ листа на која се сместени повеќе политичари и поранешни воени лидери кои учествуваа во војните на овие простори. 

Како што објави Белата куќа, се работи за уредба која во 2001 година ја донел Буш. Со неа се опфатени Босна и Херцеговина, Косово и Македонија. Листата опфаќа лица „кои се непријателски кон интересите на САД и кои претставуваат закана за националната безбедност и за надворешна политика на земјата“. На неа од Македонија има 10 лица, повеќето поранешни команданти на Ослободителната национална армија (ОНА), од кои некои се во новиот состав на Собранието.

Станува збор за Џеват Адеми, Гафур Адили, Нури Беџети, Невзат Халили, Џавит Хасани, Кастриот Хаџиреџа, Џемаљ Хисени, Даут Реџепи, Џезаир Шакири и за Мендух Тачи.Од нив во актуелниот парламентарен состав се Џеват Адеми од ДУИ и Мендух Тачи од опозициската ДПА. На листата се наоѓаат Радован Караџиќ и Момчило Крајшник меѓу другите.

Посебно за Македонија се вели дека таа листа била ревидирана во 2003 година „за да се преземат чекори против делата за попречување на имплементацијата на Рамковниот договор“.

Уредбата предвидува низа правни последици, вклучувајќи и блокади на имоти, забрана за влез во САД и финансиски трансакции за хашки осуденици и околу 150 лица и организации кои се доведуваат во врска со осуденици за воени злосторства, терористички организации или поткопување на Дејтонскиот мировен договор. Вашингтон смета дека тие лица го загрозуваат мирот и процесот на стабилизација во регионот.

Сепак, овде станува збор за речиси рутинска постапка на сите американски претседатели досега без суштински да се ревидира листата или пак, да се прошири со нови актери кои покажуваат екстремистички ставови и се актуелна закана за безбедноста.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија