Трамп не може да го уништи Обамакер - Главното наследство на Барак Обама
Објавено во: Свет 25 Март, 2017
Претседателот на САД Доналд Трамп и лидерите на Републиканската партија ја повлекоа од Конгресот својата замена за укинување на законот за здравственото осигурување популарно наречен Обамакер
Без оглед што Трамп се силеше дека веднаш штом ќе стапи на функција ќе го уништи „наследството“ на Обама кое било огромен товар на сојузните држави стана јасно дека таа мерка нема да помине.
Тоа е неверојатен пораз за Трамп, кој не успеа да го наметне своето решение како и своја визија како ќе обезбеди здраствена заштита за најсиромашните категории во САД, што секако го посакуваат големите осигурителни компании.
Републиканците седум години водеа кампања против законот за здравствена заштита на Обама и неколкупати гласаа да се укине во целост или делумно. Но, кога конечно добија шанса да помине законот за укинување, не им успеа да го изгласаат.
Ова се смета за пораз и понижување на новиот претседател Трамп зашто укинувањето на Обамакер беше едно од неговите главни ветувања.