Трамп негира дека Руси имале компромитирачни материјали за него
Објавено во: Свет 11 Јануари, 2017
Новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп денеска на првата прес - конференција по изборите која се одржа во Трамп кулата изјави дека ќе работи на спречување на сајбер нападите.
Вели дека наводите дека руски оперативци имале компромитирачки персонални и финансиски информации за него се лажни.
Тврди дека тие биле креирани од според него, болни луѓе. Наводите ги имало во извештајот за руското мешање во претседателските избори и со нив биле запознати само претседателот Барак Обама, Доналд Трамп и осуммина конгресмени.
„Мислам дека е срамота што овие информации излегоа во јавноста, ги видов и прочитав информациите надвор од средбата. Се работи за лажни вести кои не се случиле и потекнуваат од нашите противници“ - кажа Трамп.
Вели дека некој надвор од средбата ги објавил информациите, а што се однесува до хакерските напади. Трамп мисли дека зад нив стои Русија, но и дека такви напади се случуваат и од други земји.
Трамп добрите односи со рускиот претседател, Владимир Путин ги смета за предност.