29 Март, 2024
0.0272

ТРАМП ОДЛУЧИ: Бизнис империјата оди во раце на ...

Објавено во: Свет 12 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Доналд Трамп, кој беше избран за претседател на САД, ќе го предаде својот бизнис на 3 однеговите деца, објавија во соопштението од „The ​​Trump Organization“, пренесоа светските медиуми.

Компаниите на милијардерот ќе преминат под контрола на неговите највозрасни наследници Доналд Трамп Џуниор, Иванка Трамп, и Ерик Трамп, кои во моментот ја вршат улогата на нивен извршен потпретседател и други менаџери.

„Ова е врвен приоритет на организацијата. Структурата, која ќе биде избрана конечно, ќе ги исполнува сите потребни правила и прописи“, се вели во соопштението.

Федералниот закон за конфликт на интереси не се однесува на претседателот, но повеќето од избраните шефови на држави во последните неколку децении доброволно ги пренесуваат средствата на други лица во израз на „слепа доверба“​​за да избегнат секакви сомневања за нерегуларности.

Според експерти сепак трансферот на контролата на децата на Трамп нема да спречи евентуален судир на интереси, бидејќи обично нема разлики помеѓу нечиј личен интерес и тој на членовите на неговото семејство.

„Ако децата управуваат со компанијата, тоа не ги исполнува стандардите за слепа доверба“, вели Кенет Грос, експерт во областа на етичкото право.

Според него новите улоги на трите деца на Трамп дури би ги комплицирале работите уште повеќе. „Ако учествуваат во државнички активности и истовремено со тоа управуваат со бизнисот, би било многу тешко да се одделат државните и бизнис функции и ќе доведе до конфликт на интереси“, објасни Грос.

И трите деца на Трамп веќе имаат улоги во организацијата на милијардерот, според сајтот на компанијата. Иванка Трамп е извршен потпретседател одговорен за развојот и превземања. Таа е посветена на внатрешната и глобалната експанзија на компанијата во областа на недвижностите.

Доналд Трамп Џуниор е извршен потпретседател и работи во насока за проширување на недвижниот имот, трговијата на големо и мало, хотелскиот и голф бизнис на компанијата на национално и меѓународно ниво.

Ерик Трамп е извршен потпретседател во областа на развојот и превземања, одговорен за новите проекти, развојот и изградбата на глобално ниво.

Во принцип, принципот на „слепата доверба“ ​​се состои во пренесување на средствата на независен финансиски менаџер, кој нема претходни односи со сопственикот. „Слепата доверба“ ​​го добива името од идејата дека сопственикот веќе нема да знае колкави средства се стекнати или продадени. На пимер, човек со широки берзански сметки нема начин да ги дознае акциите  кои компанијата се уште ги поседува.

Портфолиото на Трамп вклучува учество во стотици друштва со ограничена одговорност, од кои многу странски, како и сопственоста на бројни недвижности, и домашни и странски.

Предвид обемот и различните активности на империјата на милијардерот, за него би било многу тешко да создаде доволно „слепа доверба“ ​​за да ја избегне можноста од идни конфликти на интереси.

Можеби ќе ве интересира

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест