ТРАМП ПОГОДИ: Масовно има мигрантски нереди во Шведска
Објавено во: Свет 21 Февруари, 2017
Maсови немири имаше синоќа во предградието на шведската престолнина Стокхолм - Ринкебо, каде што живеат многу имигранти, соопшти националната телевизија СВТ, цитирана од агенциите.
Мигрантите фрлале камења на полицијата, а тие истрелале неколку предупредувачки истрели.
Според зборовите на очевидци немирите започнале кога полицајци се обиделе да уапсат лице на метро станица. Мигрантите почнале да фрлаат камења и еден полицаец бил погоден.
Полицајците успеале да го напуштат местото на инцидентот, заедно со уапсениот.
Но, околу два часа подоцна во друг регион на предградието имало нови немири, во кои биле запалени неколку автомобили. Полицијата започнала прелиминарна истрага за случајот.