ТРАМП ПОВТОРНО ГО ТРЕСЕ СВЕТОТ: Ја носи најголемата мерка во историјата на САД
Објавено во: Свет 26 Април, 2017
Данокот за американски компании ќе се намали на 15 отсто од сегашните 35 отсто, рекол министерот за финансии на САД Стивен Менчин.
Тој во разговор за телевизијата CNBC, одговарајќи на прашањето за фискалната реформа на американскиот претседател Трам рекол: Нема да влегувам во детали но дозволете ми само да ви кажам, бидејќи цифрата од 15 отсто се појави во медиумите последните денови, да можам да потврдам дека данокот за компании ќе биде 15 отсто“.
Министерот во говор во Вашингтон пак рекол дека даночниот план на Трамп ќе претставува „најголемо даночно намалување и најголема даночна реформа“ во историјата на САД,
Менчин рекол дека намалената даночна стапка пред се ќе биде насочена на мали фирми.
„Тоа нема да биде нова можност која ќе им дозволи на богатите луѓе да плаќаат 15 отсто данок а треба да плаќаат повеќе. Тоа ќе биде за мали компании кои треба да бидат мотор на економијата, и тие ќе ги имаат сите предности“, рекол тој.
Белата куќа треба да ги објави главните црти на предлогот на Трамп за даночна реформа. Трам сака намалување на данокот за поединци и компании, во настојување ги исполни своите предизборни ветувања дека ќе донесат работни места и просперитет на средната класа.