25 Април, 2024
0.0278

Трамп сака да продаде половина од нафтениот резерват на САД

Објавено во: Свет 24 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп има намера да продаде половина од Стратешкиот нафтен резервaт на САД. Оваа мерка, чија цел е да се добијат дополнителни средства во благајната, е запишана во Законот за буџетот, кој треба да стапи на сила од почетокот на фискалната 2018 година, која почнува на 1 октомври.

Според предлогот ослободувањето на резервите ќе трае 10 години, а планот е на ден да се продаваат околу 95 илјади барели нафта. Очекувањата се во првата година во буџетот да влезат 500 милиони долари, а во наредните години износот да порасне.

Предлогот на Доналд Трамп за продажба на половина од стратешкиот нафтен резерват на САД го нагласува падот на зависноста на САД од нафтениот увоз, пишува Reuters. Конгресот го создаде нафтениот резерват во 1975 година поради нафтеното ембарго што арапските земји членки во ОПЕК плус Египет, Сирија и Тунис) го наметнуваа на САД. Освен создавањето на резерват, тогаш се воведе и забрана за извоз на американска нафта, која падна дури во 2016 година.

Стратешкиот нафтен резерват на САД во моментов има околу 688 милиони барели сурова нафта, која се чува во силно обезбедувани подземни пештери во Луизијана и Тексас.

Во декември 206 година, Конгресот ја одобри продажбата на сурова нафта од резервите во вредност од 2 милијарди долари за период од три години, а парите се користат за поправка и одржување на складишта. Во јануари Министерството за енергетика на САД продаде 6.4 милиони барели и уште 10 милиони барели во февруари.

Овозможување на извозот и продажбата на резерва станаа можни благодарение на револуцијата со шкрилци во земјата. Во последните пет години, благодарение на нафтаод шкрилци, производството на суровината во САД се зголемило за 49%. Бумот започна во почетокот на оваа деценија, а благодарение на нафта од шкрилци увозот е сведен на минимум - понекогаш тој паѓа до едвај 7 милиони барели.

„САД дефинитивно нема потреба толку многу од стратешкиот резерват, бидејќи во моментов увозот им е многу низок“, рекол Амрита Сен од консултантската компанија Energy Aspects, цитиран од Reuters.

Според предлогот, запишан во Законот за буџетот, сумата од продажбата на нафта од стратешкиот резерват ќе го достигне својот врв во 2027 година - 3,9 милијарди долари. А меѓу 2018 и 2017 година вкупно во буџетот треба да влезат 16.6 милијарди долари.

Можеби ќе ве интересира

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница