25 Април, 2024
0.0405

ТРАМП САКА ДОСЕЛЕНИЦИ ОД ОВАА ЗЕМЈА: Сепак тие не сакаат да живеат во САД

Објавено во: Свет 20 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Единствена земја од каде aмериканскиот претседател, Доналд Трамп сака доселеници е Норвешка - но тие не сакаат да дојдат,  пишува „The Atlantic".

Бројот на Норвежани во САД во последните 5 години постојано опаѓа. Според податоците на Институтот за миграциска политика, во САД живеат најмалку Норвежани од сите европски држави.

Според податоците на американскиот Оддел за државна безбедност, „зелена карта" за преселување во САД во 2016. година добиле 1,8 милиони луѓе, од кои само 362 Норвежани. Зелената карта е чекор до стекнување на американско државјанство, какво добиле 753.060 луѓе, меѓу кои 93 Норвежани. 

Меѓу 1825. и 1925. година во САД се доселиле 800.000 Норвежани. По Ирска, тоа е најголем процент на жители на една држава кои се преселиле во САД.

Но, состојбата се променила во 1924. година, со донесувањето на Законот на доселување. Целта на законот била да се намали бројот на доселеници од источна и јужна Европа и Азија, но драстично опаднал и бројот на доселени Норвежани.

Иако норвешкото доселеништво било бело, тоа не е им ја олеснило асимилацијата во САД по периодот на масовни миграции. Експертот за имиграциска политика, Алекс Наурастех, тврди дека дури 70 проценти од иселениците на крајот се вратиле во Норвешка, дел поради ниските плати во САД.

Стапката на норвешки доселеници во САД повторно пораснала по Втората светска војна и останала висока во текот на 50-тите и 60-тите години, но значително опаднала во 70-тите години и од тогаш останала премногу ниска.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови