Трамп се среќава со водачите на Јапонија и Јужна Кореја за да разговара за заканата од Северна Кореја
Објавено во: Свет 16 Септември, 2017
Американскиот претседател Доналд Трамп, ќе се сретне со лидерите на Јапонија и Јужна Кореја во Њујорк, за да разговараат за "итната" севернокорејска закана, пренесува AFP, повикувајќи се на изјава од Белата куќа.
Американскиот претседател ќе биде домаќин на вечера со јапонскиот премиер Шинзо Абе и водачот на Јужна Кореја, Мун Џеин, на маргините од Генералното собрание на ОН.
"Последното лансирање на ракета од Ким Џонг Ун докажува дека ова е еден од најитните и опасни проблеми на безбедноста, кои светот ги има", изјавил советникот за национална безбедност на Трамп Макмастер.
Во понеделникот, претседателот ќе оствари средби со францускиот колега Емануел Макрон и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, за да разговараат за Иран.