23 Април, 2024
0.0292

ТРАМП СИ ПРИЗНА: Фејсбук и Твитер ми помогнаа да станам шеф на САД

Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Твитер и социјалните мрежи му помогнале за тоа тој да достигнува слободно до јавноста и без помош на социјалните мрежи едвај би постигнал успех на изборите. 

Ова е она што тој самиот го кажа во интервју за Fox Business TV канал. 

„Искрено се сомневам дека би бил овде каде што сум сега, ако не беа социјалните мрежи“, изјавил Трамп и додал дека сепак постојат и „лажни медиуми“, кои се однесуваат кон него „многу неправедно“. 

Според шефот на државата, луѓето кои не сакаат да го користат Твитер му се „непријатели“и луѓе на кои не им се допаѓа неговиот успех, вклучувајќи ги и изборите. 

Тој исто така додал дека со помош на социјалните мрежи успева да ги изразува слободно своите ставови, вклучувајќи и во случаите во кои неговите зборови биле извртени. Шефот на државата исто така призна дека преку социјалните мрежи успеал да го задржи јавниот интерес.

„Тоа е малку неконвенционално, но изгледа работи“, смета тој.

Заслужни и Велешаните

Да потсетиме дека момчиња од Велес заработија милиони со вестите кои ги пуштаа за американскиот претседател во кампањата.

Најмалку шест веб-страници што пренесуваат пропагандистички вести во корист на потенцијалниот кандидат на Републиканската партија за претседател на САД, Доналд Трамп, се регистрирани од Македонци што живеат во Велес.

Според сопствениците на овие веб-страници, Велес е преплавен со вакви и со слични „портали“ во потрага по повеќе кликнувања и по заработка. 

Дел од нив велат дека ги интересира политика и веруваат оти Доналд Трамп ќе биде следниот кандидат на Републиканската партија за претседател на САД, но не се членови на која било домашна или странска политичка партија.

Сите веб-страници се регистрирани на почетокот од 2016 година, со платен домен за цела година на повеќе различни сервиси за регистрација на домени како „Го дади“ (Godaddy), „Емон“ (Emon), „Фаст домеин“ (FastDomain) и сл.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП