Трамп со критика кон ФБИ: Оставете ме мене и фатете се за работа
Објавено во: Свет 18 Февруари, 2018
Претседателот на САД порача дека Федералното истражно биро премногу време потрошило барајќи ја тајната поврзаност на Русија со неговиот тим за време на предизборната кампања во 2016 одошто да се занимава со сериозни работи како на пример проблемот со нападот на училиштето во Флорида.
Трамп му порача на Федералното истражно биро да се врати на работа и да ја направи Америка горда, пренесуваат медиумите.
Федералното истражно биро минатиот месец добило дојава дека има некој сомнителен во училиштето кој има желба да убие и дека има пристап до оружје.
Но агенцијата соопшти дека не покренале истрага после таа дојава.
Гувернерот на Флорида, побара директорот на ФБИ, Кристофер Реј да поднесе оставка.