Трамп тврди дека Клинтон ќе го доведе светот до Трета Светска Војна
Објавено во: Свет 26 Октомври, 2016
Републиканскиот кандидат за претседателската функција на САД Доналд Трамп изјави дека политиката која ја води кон Сирија неговата соперничка Хилари Клинтон може да доведе до Трета светска војна.
Тој ја повика земјата да се фокусира на борбата против терористичката група „Исламска држава“ (ИД).
„Она што треба да го направиме е да се фокусираме на ИД. Не треба да посвети главното внимание на Сирија. Се ќе заврши со Трета светска војна поради Сирија, ако ја слушаме Хилари Клинтон“, изјавил Трамп во интервју за Reuters.
„Вие веќе не се борите со Сирија, вие се борите со Сирија, Русија и Иран, согласни ли сте? Русија е нуклеарна држава, но земја каде работи нуклеарното оружје, за разлика од други земји, кои само зборуваат“, додаде Трамп.
Според него претседателот Башар Асад стана многу посилен отколку пред три години.
Трамп смета дека отстранувањето на Асад е значајна задача во споредба со борбата против ИД.