Трамп вози шлепер во Белата куќа
Објавено во: Свет 25 Март, 2017
Претседателот на САД, Доналд Трамп покажа колку сака камиони.
Претставници од транспортната индустрија дошле во Белата куќа за да разговараат со него за Законот за здравствено осигурување.
Тој седнал зад воланот на шлеперот „мак“ и го возел во дворот на Белата куќа.
Трамп бил воодушевен од камионот, што се гледа и од фотографиите.
Тој им порача на републиканците да ги прифатат здравствените реформи кои тој ги предлага.
Ова е едно од клучните ветувања кои тој ги даде во кампањата.