25 Април, 2024
0.0363

Трамп за жените, кои го обвинија за напади: Тие се „болни лажливки“

Објавено во: Свет 15 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Кандидатот на републиканците за претседател на САД, Доналд Трамп ги негираше обвинувањата на неколку жени против него за сексуални напади, кои се појавија во последните денови пренесоа светските агенции.

На митингот од предизборната кампања вчера, Трамп ги нарече овие жени „болни лажливки“ кои бараат пари или слава, и ги утврди обвинувањата како фабрикувани од неговата опонентка од Демократската партија, Хилари Клинтон и медиуми.

Со предизвикувачки тон, милијардерот дури истакна дека една од жените не е доволно привлечна за да го заслужи неговото внимание.

Кандидатот на републиканците за потпретседател Мајк Пенс вети дека партијата наскоро ќе претстави докази дека жените лажат и Трамп е невин.

Пред неколку дена четири жени го обвинија Трамп за сексуални напади. Прво на 12 октомври Њујорк тајмс објави материјал, во кој цитира две од нив - Џесика Лидс и Рејчел Крукс дека републиканскиот кандидат се обидувал да ги допира и бакнува.

Последователно телевизијата Ен-Би-Си соопшти дека уште две жени поднеле јавно обвинение против милијардерот. Минди Макгилаври изјавила дека Трамп ја допирал и се обидувал да флертува со неа за време на нејзината посета во приватниот клуб „Мар-а-лаго“ во Флорида. Наташа Стоинов, која работела за магазинот „Пипл“, објави материјал, во кој тврди дека во 2005 година бизнисменот се обидел да ја бакне за време на интервјуто. Ниту една од жените не се обратила кон полицијата.

Телевизијата Ен-Би-Си додаде дека пет учеснички во организиран од Трамп натпревар за убавина исто го обвинуваат милијардерот. Според нив, во периодот од 1997 до 2001 година тој влегол во соблекувалните, додека се пресоблекувале. Телевизијата меѓутоа нагласува дека во ниту еден од случаите не може да се потврди вистинитоста на обвинувањата.

По претходниот скандал со видеоснимка на Трамп, кога изрече вулгарни изјави, тој тврдеше дека во минатото си дозволил слободно да говори за жените, но никогаш не стигнал подалеку.

За обвинувањата за сексуална злоупотреба тој рече дека „се апсурдни, смешни и не одговараат на вистината, разумот и логиката“.

Трамп исто така го вмеша во приказната и мексиканскиот милијардер Карлос Слим, обвинувајќи го дека се обидува да и помогне на Клинтон да победи на изборите преку врски во Њујорк тајмс.

Слим е голем акционер во весникот.

Според републиканскиот кандидат, Слим помага да се финансира обидот на весникот да и помогне на Клинтон да победи на претседателските избори.

Во меѓувреме, сепак денес уште две жени го обвинија Трамп за сексуални напади, јави ДПА.

Самер Зервес, поранешна кандидатка во шоуто на Трамп „The Apprentice“, се појави на прес-конференција во Лос Анџелес со aдвокатката Глорија Олред за да раскаже како милијардерот дал предлог за секс, кога таа го прашала за работа. Зервес објасни дека одлучила да зборува јавно, откако ги слушнала приказните на другите жени и ја гледала видеоснимката со непристојни коментари на Трамп.

Друга жена, Кристин Андерсон, раскажа за весникот Вашингтон пост како Трамп ја допирал во ноќен клуб во Њујорк во почетокот на 90-тите години на минатиот век.

Сите овие скандали неминовно се одразија на кандидатурата на милијардерот.

Според истражувањето на јавното мислење на институтот Ипсос за Ројтерс тој веќе заостанува со 7% од Хилари Клинтон. Во последната недела на август поддршката за двајцата водечки кандидати беше приближно еднаква.


Можеби ќе ве интересира

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции