24 Април, 2024
0.0274

ТРАМВАЈОТ СТАВЕН ВО МИРУВАЊЕ: На Коце му е полесно да се вози во „двојка“!

Објавено во: Економија 09 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Градот Скопје не се откажува од проектот за изградба на трамвајска траса, но кога ќе се реализира не е познато. Од Градот за Фактор велат дека не се откажале, но дека проектот моментално е ставен во мирување, и ќе се активира кога ќе се создадат услови. Како поевтина варијанта била набавката на електроавтобуси, кои треба да се набават годинава.

„Проектот за воведување на лесен железнички јавен транспорт е моментално ставен во мирување. Град Скопје оваа година планира да реализира проект за набавка на електроавтобуси кои преставуваат квалитетна супстицуија на алтернативен јавен превоз,  кој во истовреме има нула емисија на загадувачки честички во воздухот. Инвестицијата за ваков тип е многу помала и не бара никакви  градежни зафати  за обезбедување на траса за движење на возилата. Град Скопје не е откажан од проектот за трамвај, но согласно претходните искуства треба да се создадат услови за реализација на овој сложен процес на јавно-приватно партнерство“, велат за Фактор од Градот Скопје.

Токму проектот за трамвај беше и дел од сет мерките кои се споменуваа изминативе години за намалување на загадувањето на воздухот. Дел од екологистите велат дека обезбедувањето на еколошки јавен превоз е една од клучните мерки кои ќе помогнат во намалувањето загадувањето на воздухот. Трамвајот спаѓа во групата на еколошки јавен превоз. 

„Во 80-тите години во Скопје имаше референдум за трамвај треба да се одговори со да или не, но за жал на крајот се гласаше против воведување на трамвај. Дефинитивно треба да се подобри јавниот превоз, ова што сега се случува е катастрофа,разочарувачки, тотална незаинтересираност.Сите се големи загадувачи и индустријата, сообраќајот, греењето, самите климатски услови и местоположбата, но ние на ниту еден од овие фактори не влијаеме за да се намали. Јавниот превоз, еколошкиот, е еден од важните фактори. Трамваите се еколошки, на струјно коло се, значи не користат фосилни горива што ги користат автобусите, транспортот ќе биде многу побрз, поефективен во смисла на број на патници за транспортирање.Од многу апсекти воведувањето на трамвајскиот превоз е подобро во однос на користњето на автобуси. Наместо на непродуктвни работи да се трошат пари, тие треба да се наосчат на добар одржлив развој. Доста веќе со популистички мерки“, вели Ненад Коциќ, од еколошкото друштво „Вила зора“.

Овој проект беше еден од клучните адути на градоначалникот Коце Трајановски во изборните програми на партијата од каде што доаѓа,  ВМРО ДПМНЕ.Во септември минатата година односно во изборната кампања за сегашните предвремени парламентарни избори, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, најави дека ќе се набават 30 минибуси и 20 зглобни автобуси на електричен погон, кои би сообраќале на планираната трамвајска мрежа во Скопје и би изгледале како трамвај, а целата инвестиција е проценета на 12 милиони евра. Но засега нема информација кога ќе пристигнат овие автобуси.

Трамавајот заглави во финансиската конструкција

Трамвајот се смета за најекономичен, еколошки и практичен превоз особено во големите и густо населените градови. Трамавајскиот превоз предизвикува многу помалку загадување на воздухот во урбаните средини, а и нивото на бучава е многу пониска од автобусите на фосилни горива.

Изминативе години во двата мандат на градоначалникот Коце Трајановски неколку пати пропаѓаа тендерите за избор на компанија за изградбата на трамвајската траса и набавка на вагоните. При тоа пред секое објавување на оглас, од Градот изјавуваа дека има интерес од странски фирми од Франција, Хрватска, Полска Чешка и Германија, но сепак на тендерот се јави само една компанија. Инвестицијата беше проценета на околу 243 милиони евра. Во секој Буџет , Градот изминативе години издвојуваше пари за проектот, кои потоа се пренаменуваа. Според тендерските услови во следните 35 години освен Градот, со 50 проценти беше планирано да учествува Владата. Во првите 4 години требаше да се одвојат по 16 милиони евра, 3,4 милиони евра годишно од четвртата до деветата година, 1,3 милиони евра годишно од деветата до триесет и петтата година. Остатокот од инвестицијата требаше да падне на товар на концесионерот. Како една од причините зошто тендерите биле неуспешни Градот ја посочуваше финансиската коснтрукција, односно дека се работи за еден од најскапите проекти.Градот во финансирањето требаше да учествува со 10 проценти.Планот беше концесионерот да набави 22 трамвајски восилиа, да ја проектира трамвајската траса која што е предвидено да биде во должина од 12,1 километри, однсно 2,4 километри во двата правци, да изгради трамвајски станици, депоа и да стопанисува со системот во следните 35 години.Во однос на трасата, според физибилити студијата трамвајот требаше да се сообраќа од Ново Лисиче до Ѓорче Петров, минувајќи низ центарот – со вкупна должина од околу 24 километри во двете насоки и фреквентна временска рамка од 3-6 минути.

Но не само Трајановски, неуспешен обид за воведување на трамвајски превоз имаше и поранешниот градоначалник Трифун Костовски.

Во 2011 година Игор Малец, технички директор на „Лавовски, автобусни заводи“ (ЛАЗ), компанија од Украина што ги произведе нископодните автобуси, изрази подготвеност за соработка за проекти за тролејбуси и за трамвај во Скопје. Тогаш Малец на заедничка прес-конференција со ЈСП Скопје, порача дека тролејбусот е економично и еколошко превозно средство, а бидејќи се планира изградба на трамвајска траса тие како фирма се понудија да учествуваат во проектот за трамвај. Тогашниот директор на ЈСП Скопје Мишо Николов, изјави дека се работи само за почетни, неофицијални разговори и оти ништо не е ставено на хартија. Седум години подоцна, оваа понуда остана само на разговор.

Т.С  

Можеби ќе ве интересира

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата