20 Април, 2024
0.0284

Трендот продолжува: Се делат нови откази во германските медиуми

Објавено во: Свет 15 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Медиумската групација ВАЦ (Westdeutsche Allgemeine Zeitung) во вторник во Есен, најави затварање на сите локални редакции на регионалните дневни весници "Westfaelische Rundschau" (WR) и отпуштање на  120 новинари и уредници. Новинарските содржини за „WR“ во иднина ќе ги прави главната редакција на ВАЦ. Со ова се продолжува трендот на масовни отпуштања во германските медиуми кој започна пред неколку недели со затворање на весникот „Фајненшел тајмс Дојчланд" и со кризата во „Frankfurter Rundschau". „WR веќе со години произведува милионски загуби", изјави директорот на ВАЦ, Манфред Браун. Веста за отпуштањата на 120 вработени, на  вонредната седница ја пренесе управата на ВАЦ.„WR“ со седиште во Хаген, се објавуваше од 1946 година, а во последно време дневниот тираж изнесуваше 15.000 копии. Според информациите од Западногерманската радиотелевизија (WDR), содржина на WR во иднина ќе се прави во главната редакција на ВАЦ, од која уште на локално ниво излегуваат весниците „Вестфалиен пост" и „Neue Ruhr/Rhein Zeitung". Отсега сите дневни весници треба да ги споделуваат своите содржини меѓусебно. ВАЦ е третиот по големина издавач во Германија и една од најголемите издавачи на локалнивесници во Европа. Медиумската куќа од Есен беше активна во осум европски земји со повеќе од 500 публикации.

Можеби ќе ве интересира

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато