19 Април, 2024
0.0293

Треновски: Трпеливоста од странските компании дека оваа криза е како сезонски грип наскоро ќе заврши

Објавено во: Економија 25 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Политичката криза која трае повеќе од две години полека почнува да еродира голем број значајни мотори на економијата користејќи ги најголем дел од каналите на трансмисија, вели за Фактор, д-р Борче Треновски од Економскиот факултет во Скопје. 

Трпеливоста од странските компании дека оваа криза е како сезонски грип, наскоро ќе заврши, полека се намалува, додава тој. 

Неизвесност која ја создаде политичката криза иако со мало одложување има значаен ефект на најважните инвестициони одлуки како на домашните така и на странските инвеститори. 

„Потрошувачката иако во изминатите години потпомогната од јавниот сектор исто така во овие услови почнува да забавува. Во услови на политичка криза финансиската дисциплина на бизнис секторот како и фискалната дисциплина во однос на државата трпи извесни последици. Банкарскиот сектор кој треба да биде генератор на растот ја забавува својата кредитна активност и сè уште голем дел од своите средства успешно ги пласира на сигурно во државни хартии од вредност или во хартии на  НБРМ. Ефикасноста и довербата во институциите значајно е намалена што дополнително ја зголемува неизвесноста, ја намалува инвестиционата иницијатива и придонесува за бегање на капиталот (физички и човечки). Силната политичка спротивставеност во насоките на политиките и најави за реформи и законски промени (кои во последните години се случуваа брзо и често без многу дебата) дополнително ја комплицира состојбата за економските агенти/бизнисите кои во овие услови тешко можат да нивните очекувани резултати“ - изјави Треновски. 

Еден од значајните детерминанти и фактори кои се користат во утврдување на ризикот со кој се соочува една земја како и во утврдувањето на нејзините идни перформанси преставува политичкиот ризик. 

Објаснува дека генерално во утврдувањето на степенот на политички ризик се вклучуваат неколку фактори кои се од исклучителна важност како за утврдување на ризикот така и за утврдување на потенцијалните ефекти од политичката нестабилност врз економските субјекти. 

„Тука најчесто се вклучуваат нивото на корупција, пристапот до информации, транспарентноста, институционалниот ризик, стабилноста на владата и окружувањето поврзано со регулативата и креирањето политики. Едноставен преглед на секој од овие фактори јасно покажува дека истите се од исклучителна важност за економскиот живот и перформансите на бизнис секторот во една земја. Во оваа насока едно од поновите истражувања на ММФ од 2011 год. кое опфаќа дури 169 земји во период од 1960-2004 година, а се однесува на  влијанието на политичката нестабилност на економскиот раст јасно покажува дека политичката нестабилност скоро секогаш е поврзана со намалени стапки на БДП по глава на жител. Како канали на трансмисија на негативните ефекти врз економската активност се посочува намалувањето на продуктивноста во економијата (како резултат на намалување на човечкиот и физичкиот капитал), како и влошувањето на економските слободи и етничката хомогеноост. Претходно наведеното накратко ги потврдува силните негативни влијанија од политичката нестабилност/криза врз економскиот живот. Гледано од страна на бизнис секторот една од најважните детерминанти/фактори за неговата успешност/неуспешност преставува извесноста/неизвесноста во окружувањето“ -вели Треновски. 

Претходно наведеното само упатува на тоа дека се поставени сите алки на политичкиот синџир кој со својата нестабилност ќе почне во периодот што доаѓа се позначајно да ја влече економијата надолу. Дури и ако политичките елите ги надминат своите суети и проблеми и некако ја смират политичката топка, сепак на среден рок остануваат очекувањата (како и довербата) на економските субјекти/бизнисите кои влошени и нестабилни ќе ги испорачуваат своите негативни ефекти врз економијата, додава Треновски. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите