ТРЕТА СЕДМИЦА ПО РЕД: Доларот зајакнува
Објавено во: Финансии 06 Ноември, 2017
На светските валутни пазари и минатата недела по трет пат доларот зајакна во однос на корпата со валути.
Ова е благодарение на стабилниот раст на американската економија.
Доларот во однос на јенот порасна за 0.35%, односно се тргува за 114,05 јени.
Еврото остана на исто ниво и се тргува за 1,1608 долари.
Американската економија расте, а инфлацијата е под очекуваното ниво, односно по 2%.