20 Април, 2024
0.0249

Третина од меѓународните телефонски разговори лани биле преку Skype

Објавено во: Стил 16 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Услугата за VoIP и пораки на Skype на софтверскиот концерн Microsoft брзо се претвора во сериозна закана за традиционалните телекомуникациски оператори. Според последната анализа на истражувачката компанија TeleGeography во 2012 година Skype поставува нов рекорд, осносно испорачува една третина од сите меѓународни телефонски разговори. Меѓународниот телефонски сообраќај расте побавно, во минатата година на пример е забележан раст од 5% до 490 милијарди минути. Т.н. "Voice Over IP" од друга страна расте брзо во текот на годините. Само сообраќајот на глас и видео телефонија преку Skype се зголеми во 2012 година со 44% до 167 милијарди минути. Овој раст од речиси 51 милијарди минути е повеќе од два пати повисок од растот на сите меѓународни оператори. Според TeleGeography растот на меѓународниот телефонски сообраќај би имал раст од 13, наместо со само 5%, ако во него се додаде и сообраќајот на Skype. Со оглед на ваквите бројки, многу традиционални телекомуникациски компании треба да се плашат за своите приходи. "Притисокот врз операторите ќе се зголеми во наредните години", прогнозира аналитичарот од TeleGeography Стивен Бекорт. "Иако Skype е најпознатата говорна услуга, не е единствениот претендент за бизнисот на телефонските мрежи. Google (Talk и Voice) WeChat (WeiXin), Viber, Nimbuzz, Line и KakaoTalk исто така се радуваат на се поголема популарност. И она што е можеби злобно повеќето телекомуникациски компании- Facebook неодамна додаде бесплатен VoIP-функција во својата апликација за пораки ".

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган