23 Април, 2024
0.1217

Третиот мобилен оператор не „крева“ слушалка

Објавено во: Македонија 24 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Откако се споија мобилните оператори Вип и Оне во една компанија на македонскиот телекомуникацски пазар дојде до состојба на дуопол, па затоа надлежните институции прават напори да привлечат трет мобилен оператор кој сеуште нема „кренато“ слушалка.

Агенцијата за електронски комуникации на Република Македонија направи сѐ што е потребно за да се обезбеди влез на трет мобилен оператор, со што ќе се зголеми конкуренцијата, ќе се намалат цените, а во истовреме ќе биде подобрен квалитетот на услугите. Ослободен е фреквентен простор, изменета е регулативата и сите други предуслови кои се потребни за инвестирање. Интерес има, но засега нема конкретни понуди бидеќи инвеститорите парите сакаат да ги вложуваат во стабилни држави.

„Имавме остварено доста контакти, имаше интерес од некои оператори, не можам да кажам дека сега нема, но можеби целата ситуација во државата придонесе сето тоа да остане на стенд бај. Тоа е огромна инвестиција и мора да ја гледаме таа инвестиција како и сите други инвестиции“, изјави Сашо Димитријоски, директор на АЕК за време на годинешната конференција на регулаторите од регионот во Охрид.

Претходно се активираше Лајкамобил, но само како мобилен виртуелен оператор кој нуди повеќе услуги користејќи мрежи на веќе постоечките мобилни оператори. 

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор