ТРГНУВААТ ВО ЛОВ: Хрватски гиганти обединети по Агрокор
Објавено во: Економија 18 Септември, 2017
Хрватските компании Атлантик и Адрис се заинтересирани за заеднички влез во Агрокор, пишува хрватски утрински весник повикувајќи се на извори од врвот на двете компании.
Весникот наведува дека уште не е можно да се добијат повеќе детали околу конкретните намери на Атлантик и Адрис, но јасно е како веќе самата вест сигурно е една од најважните бизнис приказни во современата историја на хрватскиот бизнис.
Утрински, понатаму дознава дека Атлантис и Адрис повикуваат на козорциумот кој ќе преземе делови од бизнисот на Агрокор да им се придружат и други хрватски компании.
Повик сигурно ќе добијат хрватските пензиски фондови, но и други гигантни хрватски прехрамбени индустрии. Со други зборови, повик сигурно ќе добие и подравка.
Освен бизнис интереси како што се ширење на работата и заработка, заеднички интерес на членовите на новиот конзорциум е значајни делови од Агрокор да останат во доминантна хрватска сопственост.
Како главни на мета за преземање на Атлантик и Адрис во старт ја одредил Јамника или Ледо но не се исклучени ни други цели, пишува медиумот.