Три грешки кои ги правите при почнување на сопствен бизнис
Објавено во: Финансии 03 Февруари, 2017
Многу од новите бизниси пропаѓаат, и затоа е важно што помалку да се прават грешки во деловното работење.
Предолго чекате за да ја наплатите својата работа
Ова едноставно е губење на заработката. Чекањето и губењето на време е губење на пари. Мора да сфатите дека пазарот на работодавци е немилосрден и со него мора да се фатите во костец. Почнете со продажба, видете како стоите и каде сте.
Лоша идеја
При продажба мора да слушнете што повеќе мислења и вие да го користите она што го продавате. Најголем проблем е ако производот не го решава проблемот за кој е наменет или не е доволно различен од другите. Вашиот производ или услуга мораат да бидат единствени.
Не ги слушате корисниците
Без клиенти немате продажба ниту бизнис. Многу е важно да го слушнете нивното мислење. Дали им се допаѓа вашиот производ или не, и како можете да го подобрите.