25 Април, 2024
0.0276

Три квартали по ред Реплек со пад на домашниот пазар

Објавено во: Економија 12 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Фармацевстката компанија Реплек АД Скопје три квартали по ред бележи пад во приходите од продажба на домашниот пазар иако е прв македонски бренд кој доби дозвола да го продава новото медицинско масло врз база на канабис. Ова е видливо од трите квартални неконсолидирани финансиски извештаји за билансот на успех на Реплек.

Третиот квартал за годинава заклучно 30 септември Реплек го завршува со помали приходи од продажба на домашниот пазар кои достигнале 4,4 милиони евра или за околу 500 илјади евра помалку во однос на истиот период лани.

Падот на домашниот пазар Реплек, сепак успева да го надомести со растот на извозот на медицински производи, па така третиот квартал од годинава успеал да генерира вкупни приходи од 6,1 милиони евра или 2 милиони евра повеќе во однос на ланскиот период.

Расходите на Реплек во вкупен износ исто така бележат помал раст, па во третиот квартал од 2017 „фармацевтите“ издвоиле 9 милиони евра за оперативните активности. Од нив најмногу нараснале трошоците за суровини и материјали од 3,4 милиони евра лани до 3,8 милиони евра за третото тромесечје годинава. 

Реплек во првите девет месеци од годинава работи позитивно, односно остварил добивка пред оданочување вредна 1,3 милиони евра што е раст од околу 300 илјади евра споредено со истиот период лани. 

Просечната цена на акцијата на Реплек изнесува 54.000 денари, за лани беа исплатени по 3074 денари дивиденда, со дивиденден принос од 7,15% кој расте во последните три години. Сепак, континуираниот пад на продажбата на домашниот пазар на Реплек покажува знаци на загриженост. 

Дополнително компанијата во соработка со ланецот на маркети Хубо од Белгија поседува супермакет за широка потрошувачка каде на едно место може да се најдат најразновидни производство за домаќинство. Исто така Реплек АД Скопје се занимава со трговија на долна облека, со трговија на расветни тела и со угостителство. 

С.Х.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија