20 Април, 2024
0.0275

ТРИ МЕСЕЦИ ОД КОБНИТЕ ПОПЛАВИ: Можно ли е пак да се повтори 6-ти август?

Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

22 човечки жртви, уништени домови и земјоделски површини. Ова беше исходот од невремето кое на 6-ти август погоеди неколку скопски и тетовски села.

Денес, после три месеци состојбата не е нешто значајно поправена.

Голем број штети не се санирани, не зградена квалитетна инфраструктура, а не се ископани нови канали за да не се повтори катастрофата.

Токму за ова денеска предупредија активистите на шарената револуција.

„Три месеци поминаа од катастрофалните поплави што го зафатија скопскиот регион. Но, санирањето на штетите е бавно и незадоволително. Саниран е само мал процент од штетата, а дополнително не се отстраенити причинителите за катастрофалната поплава што го зафати овој регион. Асфалтирањето е неквалитетно, а исто така сомнителен е и приоритетот којшто се дава како се санираат улиците. Минимална е поправката којашто е направена на обиколницата, апак каналската мрежа ниту е целосно исчистена, ниту пак се изградени нови канали со цел да се спречи повторување на поплавата којашто се случи во август“, рече Демијан Хаџи – Ангелов, граѓански активист.

Тие вината ја наоѓаат во власта која ја обвинија дека  иако ги добила бараните 36 милиони евра и ги обезбеди преку нова еврообврзница, а не преку пренамена на средствата од некои од останатите непродуктивни проекти Владата не обезбеди обештетување на граѓаните.

Информациите од терен велат дека досега се исплатени помалку од една четвртина од поплавените семејства.

„Сумите кои се исплаќаат се далеку под висината на реалните штети. Оштетените се делат по партиска линија со цел власта да си го зацврсти своето гласачко јадро во поплавените подрачја. Се уште има семејства кои не биле посетени од Комисијата за процена на штети. Истовремено исплатата на штетите за земјоделските површини не е ни започната“, додаваат тие.

Жители од Стајковци револтирани

Многу семејства со поплаки и на социјалните мрежи велат дека обештетувањето ни оддалеку не ги покрива трошоците за санација на штетите со кои се соочиле.

Може да се наиде на разно разни приказни.

Граѓанка тврди дека проценетата шетата која и ја направиле од Комисијата е 24 илјади денари. Таа револтирана вели дека одговорот кој го слушнала бил и дека е премногу.

Хајди Штерјова Симоновиќ вели дека поплавата и иништила речиси се.

Нов мебел, три машини за шиење, шпорет, фирижидер, замрзнувач и котел за парно греење., косилка, два телевизори. Се жали дека одредени лица од нејзината улица земале и по 3000-4000 евра плус аванс за ѓубре во подруми или за тоа што не им влегла капка во домовите, а има семејства кои биле најпогодени а земале само аванс.

Досега на сметка на граѓаните легнале само 8 милиони евра од планираните 36 милиони, обезбедени со  ребалансот на буџетот.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите