29 Март, 2024
0.0283

Три наслови на меил кои веднаш треба да престанете да ги користите

Објавено во: Стил 11 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Насловот или (subject) на меилот е првиот впечаток кој некој го добие за вас и вашиот меил. Потрудете се тогаш да биде добар.

Насловот не треба да биде долг, некогаш содржи само неколку зборови. Сепак, не е така едноставно како што изгледа. Сајтот Inc.com дава примери на наслови кои никако не треба да ги користите.

1.ИТНО! Ве МОЛАМ ПРОЧИТАЈТЕ!!!

Големите букви, па извичници, тоа не е добро. Ваквите наслови потсетуваат на спам мејлови, или на тоа дека сте многу очајни кога вака пишувате. Ако вашата порака е многу важна, тогаш така и означете ја. Така на примателот ќе му ставите до знаење дека е од голема важност да ја прочита, и тоа без големи букви.

Можете да го користите и следново:

Бидете одредени. Напишајте што точно ви е потребно, како и докога тоа ви е потребно.

2. (no subject)

Секогаш е подобро да имате било каков наслов на меилот, отколку да го немате воопшто.

Дали вие би прочитале книга без наслов на кориците? Дали би почнале презентација без воведен слајд? Веројатно не. Токму поради тоа, апсолутно ви е потребен наслов на меилот кој ќе му овозможи на примачот, додека го прегледува полниот инбокс, веднаш да стекне впечаток што ви треба.

3. „Re:“

Ваков наслов на меилот можете често да видите, и тоа од страна на продавач или ПР кои би сакале да го привлечат вашето внимание. На тој начин тие би сакале да ги измамат читателите да помислат дека некој му одговара на меилот. 

Што би требало да користите наместо тоа: Само прескокнете го „Re:“ и користете оригинален наслов. Меилот треба да биде едноставен и практичен.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи