28 Март, 2024
0.0253

TРИ НЕВООБИЧАЕНИ ДЕСТИНАЦИИ за зимски одмор

Објавено во: Стил 08 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

По завршувањето на празниците многумина од нас се чувствуваат депресивно. Еден од начините да се избориме со тоа чувство е ... да почнеме планови за следен одмор.

Ако оваа година не ви се оди во Банско и имате финансиски можности, замислете се за екскурзија на егзотично место. Ви предлагаме три идеи за одлични дестинации за зимата. А во првата од нив дури и ве очекува топло време.

Кејптаун, Јужна Африка

Од декември до март сафарите авантури остануваат во позадина, за да отстапат место на космополитски град. Во текот на летото во јужната хемисфера рестораните, хотелите и ноќната сцена се соперници на големите европски и американски метрополи. Сезоната е силна и во јужноафриканските вински региони - од Стеленбош до Франшоек и Суартланд. Ако сепак сте жедни за дивината, обидете се со морско сафари за да ги видите големите бели или сини ајкули крај бреговите или да уживате во убавината на полуостровот Кејп.

Патагонија, Чиле

Планини, фјордови, тропски шуми, пуми и гуанакоси (братучеди на пумите). Добредојдовте во патагонското лето, најјужниот дел на Јужна Америка, каде што може да и се радувате на неверојатна глетка. Бисери во круната на Патагонија се трите највисоки врвови Cuernos del Paine лоцирани во срцето на националниот парк Torres del Pain. Уживајте во планините покриени со снег.

Лапонија

Едвај ќе се видите со Дедо Мраз, но пак може да го посетите оригиналниот леден хотел. Надреалните „уметнички апартмани“ се дизајнирани и гравирани во мраз, а целиот дизајнерски хотел е во замрзната состојба - има дури лоби со стилски мраз каучи и лустери направени од 1000 рачно исечени мраз кристали. Температурата е околу -5 степени во внатрешноста на хотелот, а однадвор е уште постудено. Тука може да и се восхитувате на Северната светлина, но ако сепак студот не ви се допаѓа, може да се сокриете во соседната просторија каде се бањите. Во новата сезона во хотелот ќе има и луксузен стан на греење, кој ќе користи само сончева енергија.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи