Три совети како за една година да заработите 50.000 евра
Објавено во: Финансии 09 Декември, 2017
Тројца успешни Срби советуваат како за една година да заработите 50.000 евра.
Мила Литвињенко која е сопственик на „Ауре“ вели дека е важно да се има идеја и да се биде различен. Таа советува луѓето да не се плашат од неизвесност.
Според неа, не постои лошо време за бизнис, туку е важен моментот на делување и донесување одлуки. На идните бизнисмени им препорачува да истражуваат на интернет за да добијат помош од државата.
Томислав Момировиќ, претседател на Мона хотелот вели дека ист е патот за 5, 50 и за 500.000 евра. За него тоа значи дека на 15 години ќе имате идеја што сакате да работите, на 18 ќе знаете како да се насочите и образувате и на 23 години веќе да почнете да работите. Советува шансата да ја барате сами.
Стефан Салом од INFOSTUD смета дека шансата е во програмирање или дигитален маркетинг. Според него, има многу патишта за да се дојде до добра заработка.