Триглав осигурување се засили со втор извршен директор од Словенија
Објавено во: Економија 14 Септември, 2017
Осигурителната компанија Триглав Осигурување АД Скопје се „засили“ со втор извршен директор кој ќе има четиригодишен мандат, а доаѓа од Словенија, поточно од Заваровалница Триглав д.д. Љубљана каде беше извршен финансиски директор.
Станува збор за Рок Пивк кој ќе биде втор извршен директор на Триглав осигурување, покрај Ѓорѓе Војновиќ кој и натаму ќе ја врши функцијата главен извршен директор, додека Сања Танчевска ќе ја врши функцијата прв извршен директор на компанијата.
Рок Пивк доаѓа од Заваровалница Триглав д.д. Љубљана, од позицијата извршен директор за финансии. Својата професионална кариера ја гради како експерт за финансии во јавниот и во приватниот сектор во Република Словенија и тоа во Централната банка на Република Словенија и во Заваровалница Триглав д.д. Љубљана.